Чет08162018

Последна промена03:24:29 PM

Back Вие сте на: Home Интересно Македонија избира најбезбедно и најчисто училиште

Интересно

Македонија избира најбезбедно и најчисто училиште

Сподели

Министерството за образование и наука распиша јавен повик за избор на „Најбезбедно и најчисто училиште”, на кој може да аплицираат сите основни и средни училишта на територијата на Република Македонија.

 

Училиштата кои ќе аплицираат треба да се дел од „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ (ЕКО училиште) и да имаат учествувано на најмалку три проекти или работилници кои опфаќаат некоја од областите: здрава и еколошка средина, безбедост, ненасилство, разрешување на конфликти и слични содржини.

Јавниот повик е објавен на веб-страницата на МОН (www.mon.gov.mk). Во него се наведени критериумите што треба да бидат исполнети (одржување на зградата и здрава внатрешна средина, уреден и еколошки двор, безбедни/сигурни услови за престој и работа во училиштето), како и начинот на аплицирање.

Апликациите може да се доставуваат најдоцна до 30 март 2018 до Министерството за образование и наука, на адреса: улицата Св.Кирил и Методиј бр.54 , 1000 Скопје.

За избор на „Најбезбедно и најчисто училиште” МОН ќе формира комисија која ќе изврши увид во училиштата, а во последната недела од мај 2018 ќе додели сертификати за три основни училишта и три средни училишта како најбезбедни и најчисти училишта.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK