Чет04192018

Последна промена04:49:13 PM

Back Вие сте на: Home Интересно Десет години затвор за лажни вести?

Интересно

Десет години затвор за лажни вести?

Сподели

Премиерот на Малезија Наџиб Разак денеска во Парламентот поднесе предлог-закон со кој објавувањето „лажни вести“ се смета за незаконско.

 

Во предлог-законот се предвидува казна и до 10 години затвор за ширење неточни информации, што предизвика стравување дека ќе биде нарушена медиумската слобода во земјата.

Борците за човекови права стравуваат дека целта на законската иницијатива е да се криминализираат новинарските написи за евентуални прекршоци на функционерите.

Со нацрт-законот како лажни вести се оквалификуваат сите „вести, информации, податоци и соопштенија кои се целосно или делумно неточни, независно дали станува збор за новинарски написи, видео-материјали или аудио-записи“. Таквите дела ќе се казнуваат со 10 години затвор, 129.000 долари или и двете казни.

Според владини претставници, опозицијата ги користи „лажните вести“ како оружје за добивање гласови.

И други јужноазиски држави, меѓу кои и Филипини и Сингапур, исто така предложија предлог-закони за борба против „лажните вести“, пишува Република.мк. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK