Пет10192018

Последна промена08:48:06 AM

Back Вие сте на: Home Интересно Данокот на престој во Грција ги зголеми цените на апартманите

Интересно

Данокот на престој во Грција ги зголеми цените на апартманите

Сподели

Новиот данок на престој ги крена цените на сместувањето во Грција.

Од половина евро до четири евра, во зависност од видот на сместувањето, ќе бидат повисоки цените во Грција во изнајмените апартмани и хотелите, поради новиот данок на престој што стапи во сила на почетокот на годинава. Како што пишува Бриф, претседателот на грчката федерација на хотелиери и претседател на Сојуз на хотелиери од Халкидики, Григорис Тасиос, за МИА објаснува дека оваа туристичка такса се однесува на соба, а не по лице и затоа се вика данок на престој, а не данок на ноќевање.За патувањето со автомобил до Атина, туристите ќе треба да одвојат околу 37 евра за патарини, само во еден правец.Македонските туристи кои планираат викендите или пак летните одмори да ги поминат во Грција, ќе треба да ги земат предвид и патарините кај јужниот сосед.Засега, за Халкидики и Солун, постои само една патарина, веднаш по преминувањето на границата на грчка страна, во висина од 1.80 евра. Во однос на информацијата што минатата седмица ја објавија дел од македонските медиуми за наводна еколошка такса и еколошки данок на Халкидики што ќе се наплаќа во текот на летниот период, станува збор за лажна вест, т.е. првоаприлска шега на српските медиуми.За патувањето со автомобил до Атина, туристите ќе треба да одвојат околу 37 евра за патарини, само во еден правец.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK