Чет05242018

Последна промена10:25:49 AM

Back Вие сте на: Home Интересно Научно докажани суеверија

Интересно

Научно докажани суеверија

Сподели

За некои приказни е докажано дека се само суеверија, меѓутоа, некои поединечни верувања имаат вистинска научна подлога.

Еве кои се тие:

Пилешката супа е лек
Сите сме слушнале дека за време на настинката треба да се консумира пилешка супа – и се покажа дека има вистина во ова. Иако пилешката супа нема потполно да ве излечи од настинката, таа сепак ќе ги ублажи симптомите.

Научниците откриле дека пилешката супа навистина може да го намали воспалението со намалување на активноста на белите крвни зрнца кои се одговорни за предизвикување на воспаленијата.

Клин со клин се избива
Ако сте претерале со алкохол и се чувствувате мамурно, бабите веднаш ќе ви кажат да се напиете уште една чаша алкохол за да се ослободите од мамурлакот. Но, дали ова е вистина?

Науката вели – да. Истражувачите покажале дека консумирањето на мали дози алкохол всушност може да го олесни мамурлакот. Но, сепак треба да внимавате – ублажувањето на мамурлакот на овој начин може да ја зголеми зависноста од алкохол. Затоа, најдобар начин за да го избегнете мамурлакот? Напијте се огромна чаша вода пред спиење.

Киселините за време на бременоста се знак дека бебето има многу коса
Ова сигурно сте го слушнале и доколку сè уште немате деца, бидејќи речиси и да не постои некоја постара жена која не верува во тоа. Токму овој мит го потврдиле и лекарите од болницата „John Hopkins“ во Балтимор.

Тие спровеле истражување за да го побијат ова верување, но го откриле сосема спротивното – и самите останале изненадени од резултатот кој покажал дека зголеменото ниво на хормонот кој предизвикува киселини, всушност предизвикува раст на бебешката коса.

Полна месечина
Не, не измислувате дека сите се малку нерасположени околу вас кога е полна месечина. Оваа бапска приказна се прераскажува веќе со векови, поточно дека некои луѓе го менуваат расположението за време на полната месечина.

Генерално, истражувачите допрва треба да докажат дека однесувањето, плодноста и наталитетот се погодени со лунарната шема, но една студија докажала дека некои луѓе потешко заспиваат за време на полната месечина.

Сирењето предизвикува чудни соништа
За тоа дека консумирањето на сирење или млечни производи пред спиење може да предизвика чудни соништа долго се верувало дека е само обичен мит, но едно истражување во Велика Британија го докажува спротивното.

Научниците тестирале 200 испитаници кои пред спиење јаделе различни видови сирења, и повеќето од нив потврдиле дека имале многу чудни соништа.

Република.мк

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK