Вто09252018

Последна промена10:39:09 AM

Back Вие сте на: Home Интересно Да викнете полиција или да потпишете Европски извештај?

Интересно

Да викнете полиција или да потпишете Европски извештај?

Сподели

Честа е дилемата дали и кога треба да се потпише Европски записник при случена сообраќајка.

„Европскиот извештај – Извештај за сообраќајна незгода“ е образец изготвен од Националното биро за осигурување на Република Македонија. Истиот се добива бесплатно од друштвото за осигурување при склучување договор за задолжително осигурување (полиса) и на неговата задна страна содржи упатство за употреба во кое детално се наведени начинот и условите за негово користење.И покрај тоа што во Република Македонија Европскиот извештај се применува уште од 2009 година, многу често граѓаните се во дилема: „Дали да се повика полиција или да се пополни Европски извештај? Дали, кога и како се користи Европскиот извештај? Прашањето е честопати поставувано, па токму затоа, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата советува и појаснува за најголемите дилеми на возачите поврзани со Европскиот извештај:Европски извештај се пополнува само во случај на сообраќајна незгода со мала материјална штета и го пополнуваат учесниците во сообраќајната незгода. Европскиот извештај не се пополнува и не се потпишува во случај на сообраќајна незгода во која има повредени лица, загинати лица и во сообраќајна незгода во која настанала голема материјална штета. Под „мала материјална штета во сообраќајна незгода“ се подразбира штета настаната на објекти и на возила на кои не им се оштетени виталните делови за управување и за запирање, а возилата можат самостојно да се движат по патот.Возачите-учесници во сообраќајна незгода во која е предизвикана мала материјална штета, откако ќе го пополнат и потпишат Европскиот извештај за сообраќајна незгода, се должни веднаш да ги отстранат возилата од коловозот и да овозможат непречено одвивање на сообраќајот. Прекршочен платен налог во износ од 250 евра, во денарска противвредност, ќе му се издаде на возачот-учесник во сообраќајна незгода кој постапува спротивно од наведената одредба.Возачите-учесници во сообраќајна незгода во која е предизвикана мала материјална штета, кои пополниле и потпишале Европски извештај за сообраќајна незгода, не се должни за истата да го известат Министерството за внатрешни работи.Европскиот извештај не претставува признавање вина и не значи дека меѓу возачите е постигната согласност за вината во сообраќајната незгода, ниту дека со потписот се признава вина, туку служи единствено за утврдување на фактичката состојба.
Полициските службеници на Министерството за внатрешни работи се должни да излезат на местото на сообраќајната незгода (Европски извештај не се пополнува во сообраќајна незгода) во која е предизвикана мала материјална штета, ако тоа го бара едниот од учесниците во сообраќајната незгода и тоа во случај
-едно од возилата нема регистарски таблици или не е осигурано
-едно од возилата има странска регистарска таблица
-е очигледно дека еден од возачите е под дејство на алкохол, дрога или други психотропни супстанции
-еден од возачите не поседува возачка дозвола од соодветната категорија
-на еден од возачите му е запишана прекршочна санкција во возачката дозвола – забрана за управување со моторно возило
-еден од возачите одбива да даде свои лични податоци, односно податоци за возилото
-еден од возачите го напуштил местото на сообраќајната незгода
-ако возачот сам учествува во сообраќајна незгода.
Сопственикот на возилото е должен да го извести друштвото за осигурување со кое склучил договор за осигурување од автомобилска одговорност за настанувањето на сообраќајната незгода и да достави пополнет Европски извештај во рок од 30 дена од настанувањето на незгодата.Учесниците во сообраќајната незгода, на барање на одговорното друштво за осигурување, се должни опширно да известат за околностите под кои се случила сообраќајната незгода, во спротивно, се должни да ја надоместат штетата настаната од неисполнување на обврската за известување.Во случај на сообраќајна незгода со мала материјална штета во која учествуваат две возила, се пополнува само еден комплет Европски извештај. Доколку во незгодата учествуваат три возила, се полнуваат два комплета, четири возила – три комплета итн. Притоа, воопшто не е важно чиј примерок се пополнува, ниту кој го пополнува.При пополнувањето на Европскиот извештај важно е да се користи хемиско пенкало.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK