Сре12122018

Последна промена07:40:10 AM

 

Back Вие сте на: Home Интересно Во кои земји е признаена и каде наскоро ќе важи македонската возачка дозвола?

Интересно

Во кои земји е признаена и каде наскоро ќе важи македонската возачка дозвола?

Сподели

Лето е, патуваме па затоа добро е да се знаат земјите каде е признаена македонската возачка дозвола.

Според извори на МИА, македонските државјани со привремена работа или престој во Германија и оние кои планираат да продолжат да живеат во таму, се во исчекување на мерката за взаемно признавање на возачките дозволи, а од МВР велат дека договорот ќе биде потпишан наскоро.На 26 јуни македонската Влада ја усвои декларацијата за меѓусебно признавање на возачките дозволи со Германија откако во мај се изврши усогласување на заедничка декларација.Откако оваа мерка ќе стапи во сила, македонските граѓани кои имаат македонска возачка дозвола додека престојуваат во Германија нема да имаат потреба од меѓународна дозвола, а оние кои имаат регулирано престој на германска територија наскоро на нивно барање ќе можат да извршат замена на возачките дозволи, а единствен услов е да имаат законски престој на германска територија најмалку 185 дена во годината.Моментално, македонските државјани во Германија македонска возачка дозвола смеат да користат само во првите шест месеци од пристигнувањето, а потоа се обврзани да полагаат за возачка дозвола, која чини 1.500 евра.
Македонија досега има реципрочно признавање и замена на возачки дозволи врз основа на потпишан билатерален договор со Италија, Шпанија, Албанија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, а во тек е склучувањето на билатерални договори со Турција, Косово, Велика Британија и Германија.

Извор:фактор.мк

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK