Сре11212018

Последна промена03:55:14 PM

Back Вие сте на: Home Интересно Ново откритие во Јордан- леб се печел пред 14 400 години

Интересно

Ново откритие во Јордан- леб се печел пред 14 400 години

Сподели

Историчарите и археолозите традиционално го поврзуваа лебот со почетоците на земјоделството, кога луѓето почнале да одгледуваат жито и да прават брашно. 


Но, ново откритие на поцрнети ронки во античка камена градба на Блискиот Исток посочува дека луѓето печеле леб пред илјадници години. Се смета дека овие остатоци од храна се стари околу 14.400 години. Тоа е околу 4.000 години пред појавувањето на земјоделството.

- Нашата работа покажува дека лебот не бил продукт на уредените, сложени општества, туку на палеолитско општество на ловецот-собирач - вели авторот на студијата, Амаија Аранз Отаегуи од Универзитетот во Копенхаген.

Лебот е важна храна. Покрај тоа што се состои од само неколку состојки, тој е многу хранлив. На ловците им било корисно својството на лебот да го покачува шеќерот во крвта бидејќи им била потребна енергија.

Археолозите ги пронашле остатоците од леб во примероци од седимент во Јордан. Структурата на градбата била овална со огниште во средината и градителите имале поставено камења на земјата. 
 
Фото: Science Alert


Аранз додаде дека таа не знае дали градбата била живеалиште или имала друга, можеби церемонијална примена. Додека го пребарувала седиментот, таа забележала примероци кои на почетокот не можела да ги смести никаде. Тоа не биле семиња, ниту гламносано дрво, туку изгледале токму како ронките што се акумулираат на дното од тостерот. 

- Главниот критериум за идентификувањето на лебот е шупливата текстура. Ако земеме друга храна, како каша, ќе видиме делови од жито, но не и вакви микропори - вели Аранз

Истражувачите мислат дека лебот се правел кога луѓето се собирале за прослави или гозби. 

Досега најстариот доказ за леб доаѓаше од Турција. Тие пронајдоци беа стари 9.000 години
 
Ронките биле долги 5,7 милиметри, широки 4,4 милиметри и дебели 2,5 милиметри
Фото: BBC
 
Еве го рецептот за јорданскиот леб од пред 14.000 години:

- Направете брашно од дива пченица и див јачмен

- Иситнете корења од диви растенија што растат во вода (на пример, шавар)

- Измешајте ги со вода за да направите тесто 

-Печете на жешки камења околу оган.
 
Извор Факултети.мк
  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK