Пон09242018

Последна промена10:20:29 AM

Back Вие сте на: Home Интересно ВИДЕО: Холанѓанец без нога пливаше на охридскиот маратон

Интересно

ВИДЕО: Холанѓанец без нога пливаше на охридскиот маратон

Сподели

56 годишниот Корнелијас Јоханес од Холандија без една нога викендов пливаше на охридскиот маратон. За прв пат во историјата на маратонот учествуваше инвалид, вљубеник во пливањето, но и во Охридското езеро.

Рамо до рамо со врвните професионалци холанѓанецот, кој ја изгубил ногата во тешка сообраќајна несреќа, покажа дека физичките недостатоци неможе да бидат препрека за големи подвизи.

Идејата да учествува на маратонот се јавила лани, кога успеал во бура, силно невреме и бранови да преплива од Струга до Охрид.

-Проблемот беше во тоа што околу два часот се појави невреме и незнаев ни каде пливам ни каде одам. Огромни бранови од еден метеар. Туристичките бродови ме бараа мојата сопруга пријави во полиција.Таа беше преплашена. Во 18 30 попладнето успеав да се вратам, раскажува Корнелиас Јоханез.


Една протеза има за пешачење, а друга специјална изработена за пливање. За маратонот се подготвувал цела година во Холандија, но и изминатите десетина дена во Охрид.

- За човек како мене, со протеза, јас сум инвалид без една нога мора да се вежба секоја недела од четири до осум часа. Во спротивно нема да може да се плива. Јас вежбав, ова е многу долга дистанца јас вежбав секој ден на помало растојание. Колку е подолга дистанцата толку повеќе треба да се вежба, вели Јоханез.

Животот е убав, а соништата се остваруваат , смета човекот кој шеста година доаѓа на одмор во Охрид.Вели дека црпи енергија од природата и љубезните домаќини. Сака да ги мотивира луѓето со физички недостатоци да не се откажуваат од предизвиците.

- Секогаш има можност да се направи тоа што се сака и секогаш има можност да се издигнеш на повисоко ниво Кога си нвалид или имаш некој недостаток секогаш може да направиш нешто Јас тврдам дека секој кој има хендикеп може да плива, да вози велосипед , да пешачи се е во мозокот. Кога мозокот е добар се е добро и животот е убав, вели Јоханез.

Успеа да исплива речиси половина од езерската патека. Иако не стигна до целта на градското пристаниште во Охрид, позитивната енегија не го напушти. Битката не престанува. Не се обесхрабрува, напротив се мотивира , ќе продолжи со макотрпно вежбање, а идната година повторно ќе се обиде да го преплива Охридското езеро. 4

Пливањето на Корнелијас во Охрид го поддржаа хотел „Гранит“ и тур оператоот „Туи“. Несекојдневната сторија ја направи Охриднет во соработка со ТВМ ТВ. 

Новинар Соња Рилковска

ВИДЕО:

Фотографии:

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK