Сре11212018

Последна промена03:55:14 PM

Back Вие сте на: Home Интересно GPS чипови за луѓе со деменција

Интересно

GPS чипови за луѓе со деменција

Сподели

Компанијата Three Square Market (32M) која користи микрочипови имплантирани во нивните вработени сега размислува да понуди GPS импланти кои би биле вметнати кај луѓето со деменција.

 Тод Вестби, извршниот директор на 32М, изјави дека неговата компанија работи на чип кој би се активирал со глас и би се напојувал од телесната топлина, кој би можел да ги следи виталните знаци на личноста во која е вграден, и да ја следи преку GPS. Тие планираат да ги тестираат чиповите во 2019-та и потоа да бараат нивно одобрување од FDA, пренесува Идивиди. 

Целната група луѓе за кои е наменет овој чип би биле пациенти со деменција.

 

Според светската здравствена организација, околу 47 милиони луѓе низ светот имаат деменција, а оваа бројка до 2030-та може да достигне 75 милиони. Шест од секои 10 пациенти во одреден период од животот се губат, патувајќи од безбедна локација во за нив непознати опкружувања каде можат да се изгубат.

Со еден ваков уред, доколку тоа се случи, нивните најблиски веднаш ќе бидат автоматски алармирани, со што би се избегнале понатамошни компликации или загрозување на животите на пациентите.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK