Чет10182018

Последна промена10:34:58 AM

Back Вие сте на: Home Интересно Многу награди и изненадувања на хуманитарата акција „За посреќно детство“

Интересно

Многу награди и изненадувања на хуманитарата акција „За посреќно детство“

Сподели

Стоматолошки Центар Д-р Баткоски и Црвен крст Охрид сабота на 29.09.2018 година од 11 часот претпладне на градскиот плоштад во Охрид, традиционално како и секоја година, не ги изоставуваат најмладите да бидат дел од манифестацијата „За посреќно детство“ и со тоа да создаваат спомени за еден убаво поминат ден со многу забава и игри.

На оваа манифестација покрај главните организатори учествува и аптекарскиот бренд Via Farm Apteki кој заедно со Alkaloid AD Skopje ќе ги изненадат децата, како и ресторанот VIA IGNATIA - Vevcani, Macedonia кој на најдобрите учесници ќе им додели ваучери.

Познатиот бренд за орална хигиена Curaprox Macedonia исто така ќе биде дел од оваа манифестација. Ќе има многу забава, дружење и игра низ која децата ќе уживаат во своите безгрижни детски моменти. Главното изненадување е под мотото: „Која насмевка ќе блика, ќе каже најсмешната слика!“.

Под ова мото се кријат 3 главни награди од стоматолошкиот центар „Др. Баткоски“, а како ќе се учествува за нив ќе видите во сабота на градскиот плоштад, зошто не би било изненадување ако откриеме за што се работи, информираат од Стоматолошкиот центар „Батксоски“ од каде ги повикуваат сите деца да им се придружат во сабота. 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK