Сре11212018

Последна промена03:55:14 PM

Back Вие сте на: Home Интересно Кина ќе лансира вештачка месечина, која ќе го осветлува цел град

Интересно

Кина ќе лансира вештачка месечина, која ќе го осветлува цел град

Сподели

Кина ќе лансира вештачка месечина во Вселената која ќе го осветлува еден од најголемите градови во земјата, 14-милионскиот Ченгду во провинцијата Сечуан.

 

Предвидувањата говорат дека сателитот ќе биде поставен во Земјината орбита до 2020 година. Телото ќе има функција да ја рефлектира сончевата светлина и навечер, со цел потполно да ги замени уличните светилки. Тоа би значело и поевтин извор на енергија, објави „Телеграф“.

Во 1999 година, руски научници имаа сличен нацрт-проект за Сибир, но тој не беше реализиран.

Кинескиот Институт за воздухопловна и вселенска наука и технологија, засега не открива колку овој проект ќе чини.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK