Пет02152019

Последна промена12:36:29 AM

 

Back Вие сте на: Home Интересно Како од сиромашно момче Путин стана најмоќен човек во светот?

Интересно

Како од сиромашно момче Путин стана најмоќен човек во светот?

Сподели

Владимир Владимировиќ Путин моментално е најмоќен човек на светот, новиот руски цар, како што сакаат многумина да го наречат, но патот на момче од сиромашно работничко семејство до шеф на Кремљ не бил воопшто лесен ни едноставен.

 

Претседателот на Русија е роден на 7 октомври 1952 година во Ленинград, денес Санкт Петербург. Неговиот татко Владимир Спиродоновиќ Путин (1911-1999) и мајка Марија Ивановна Шеломова (1911-1998) и двајцата фабрички работници, веќе ги изгубиле своите две деца. Најстариот брат на Путин Алберт, починал уште како бебе, додека вториот Виктор починал од дифтерија во текот на опсадата на Ленинград.

 Ја кренале мајка му од мртвите

-Моите родители за чудо ја преживеаа Втората светска војна. Татко ми служеше војска во Севастопол, во подморничките единци. Ми раскажуваше како го раниле Германците, а цел живот го помина со шрапнели во нозе. Кога му дозволија да оди, застана на штаки и појде дома. Кога стигна, виде дека болничарите изнесуваат тела на мртвите од влезот, а меѓу нив и неговата жена. И пришол и му се претсторило дека дише, па им рекол на болничарите дека е жива. Му рекоа дека нема да преживее, но тргна кон нив со штаките и ги натера да ја вратат во станот. Ја крена на нозе таа и живееше до 1998 година-раскажал Путин.

Тој и неговото семејство живееле во таканаречени комуналки, национализирани згради, а станот го делеле со уште две семејства.

-Не бевме богати. Моите родители живееја од плата до плата и понекогаш позајмуваа пари од други, но имавме телевизор , како и нашите соседи - раскажал рускиот претседател.

Школото, кажувал, не му било важно - бил лош ученик, и толку немирен што не му е дозволено да стане пионир. Меѓутоа, сѐ се променило, кога отишол во кино и го погледнал филмот „Мечот и штитот“, за рускиот шпион кој се инфилтрирал во штабот на СС. Тогаш решил да стане шпион, па се посветил на џудо и учење странски јазици.

Image result for путин

 Шпионска кариера

Путин завршил право на Лелинградскиот универзитет, каде се зближил со професорот Анатолиј Собчак. Веднаш по дипломирањето во 1975 година се приклучил на КГБ, а главните задачи во првите години му биле надзор на странци и конзуларни службеници. Од 1985 до 1990 служел во Дрезден, во Источна Германија, каде се преселила и неговата сопруга Људмила. Како разузнавач, Путин имал и значка на источно германската тајна полиција Штази.

Кога е срушен Берлинскиот ѕид, разбеснетите Германци, околу 5 000 од нив, ја урнале зградата на Штази, па потоа ја опколиле и зградата на КГБ преку патот. Путин и седуммина негови колеги побарале помош од советската армија, но тоа е одбиено, па самиот Путин излегол пред масата и порачал:

-Ова е советска територија и вие сте на граница. Ќе пукам во секој кој премине. Јас сум офицер и имам пиштол со 12 куршуми. Еден оставив за себе, поинаку не можам.

Тоа ги смирило, а неколку дена подоцна е повлечен во Русија. Во време на августовскиот пуч против Михаил Горбачов во 1991 година ја напуштил КГБ со чин полковник. Шпионската кариера веднаш ја сменил со политика, а молњевит успон до Кремљ започнал во администрацијата на некогашниот професор и градоначалник на Ленинград Анатолиј Собчак. Кога неговиот ментор ги изгубил изборите во 1996, Путин преминал во Москва и станал дел од тимот на претседателот Борис Елцин, а веќе во 1998 година се нашол на чело на ФСБ, наследник на некогашен КГБ.

 Обнова на државата

Eлцин, Путин го поставил за премиер на Русија на 9 август 1999 година, а на 31 декември и за претседател.

„Две три недели пред Нова година Борис Николаевиќ ме повика во кабинетот и рече дека донел одлука да замине и дека јас морам да ја вршам должноста претседател. Седнав и молчев, а потоа му реков дека тоа е тежок живот и дека не сум сигурен дали сакам таква судбина“. - “И јас имав други планови, но судбината така одреди. Мислам дека и вашата судбина е таква да мора да донесувате одлуки, сигурен сум дека ќе успеете“, му рекол - раскажал Путин.

Неколку месеци подоцна Путин победил на претседателските избори и почнал обнова на земјата - за осум години БДП и куповната моќ скокнаа за 72 отсто, а Русија повторно стекна воена моќ и меѓународен углед. Секако, се тоа имало цена, па Владимир Путин стана дежурна бабарога за Западот, каде го обвинуваат за се - од труење на луѓе по улиците, преку организација на демонстрации во Франција и Германија, до изборите во Америка - пишува српски Курир.

Путин беше на позициите претседател од 2000 до 2008 и повторно од 2012 додека функцијата премиер повторно ја извршувал од 2008 до 2012, кога шефот на Кремљ бил неговиот најблизок соработник Димитриј Медведев, пренесува Фактор.мк.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK