Интересно
Најголемиот авион во светот го реализира првиот успешен лет.
- Детали
- Објавено на Понеделник, 15 Април 2019 10:29
Најголемиот авион во светот го реализира првиот успешен лет.
Авио леталото има два трупа и распон на крилата од 117 метри, што е повеќе од стадион за американски фудбал. Авионот летал два и пол часа над пустината Мохаве во Калифорнија.
Летот се случил изминатава сабота, авионот полетал од воздушната и вселенска станица во Мохаве, околу 150 километри северно од Лос Анџелес. Летал на висина до пет километри и извел повеќе маневри, вклучително и симулирано слетување.
- Каков сјаен прв лет. Ова е нов чекор во нашата мисија на обезбедување флексибилни алтернативи за лансирање од Земјината површина - објави американската воздухопловна компанија „Стратоланч“.
„Стратоланч“ била основана во 2011 година од страна на Пол Ален, еден од основачите на „Мајкрософт“. Целта на компанијата е да обезбеди поевтин пристап до Земјината орбита лансирајќи сателити во вселената од авион наместо од земја.