Интересно

14 годишно момче има тело на стогодишен старец

Сподели

14 годишниот индиец Али Хусаин страда од ретко генетско пореметување и изгледа како 110 годишен старец. Неговото тело старее осум пати побрзо од нормалното.

 

Неговите двајца браќа и три сестри веќе починаа од истата ретка болест. Болеста е наречена прогерија или синдром на пребрзо стареење а болните ретко живеат повеќе од 14 години.

Родителите на Али се роднини а нивниот брак бил договорен пред 32 години. Шест од нивните осум деца боледуваа од синдром на пребрзо стареење.