Вто07172018

Последна промена05:44:50 PM

Back Вие сте на: Home Интересно Љубов.... темел на човековиот род....причина за живот

Интересно

Љубов.... темел на човековиот род....причина за живот

Сподели

"Ти си за мене подрагоцено нешто и од самиот мој живот, љубовта кон тебе е единствената причина на моето постоење".....

 Што е љубов?

Напросто кажано, помеѓу две личности мора да постои, така наречено, "кружно движење" на љубовта, доколку сакаат таа да опстане. Една личност и дава љубов на друга личност, таа ја прима и кај неа се раѓа желба да возврати на примената љубов. Кружното движење на љубовта создава врска помеѓу две личности, која ниеден од нив не сака да ја прекине. Доколку таа врска на взаемна љубов, создадена помеѓу две личности, постане достатно јака, тие две личности нема да се разделат. Тогаш никаква сила не може да ја уништи нивната врска, затоа што тие постануваат едно суштество. Тие не можат ниту да замислат дека би можело да постои нешто друго освен нивната љубов која ќе биде движечка сила во нивниот живот.

Постојат многу видови на врски и односи помеѓу луѓето кои не се љубов, но сепак изгледаат како такви. Веројатно тоа е и причината зошто постојат толку многу урнати сништа и скршени срца во овој наш свет.

Се што постои во природата егзистира во парови. Секој животински вид успева да опстане токму поради чинот на давање и примање кој постои помеѓу две суштества кои се надополнуваат. Секое нешто што постои, дури и без разлика дали е од жива или нежива природа, успева да опстане во светот токму врз база на една взаемна врска. Електронот се врти околу протонот. Планетите се вртат околу Сонцето и создаваат взаемна врска со него. Само со взаемната врска се продолжува видот. Животот не би можел да опстане и да продолжи да се развива без апсолутното надополнување помеѓу Северниот и Јужниот Пол на земјата. Слично на ова, на нашата планета Земја постојат само два вида на луѓе, само два пола - маж и жена, односно машки и женски. И чудесно е тоа што тие совршено се надополнуваат, во секој поглед. Многу позачудувачки е фактот дека на Земјата, секоја година, се раѓаат подеднаков број на машки и женски деца.

 

Жената ќе продолжи да го сака својот маж и тогаш кога тој ќе минува низ најтешките периоди во својот живот. Мажот ќе ја сака својата жена и тогаш кога таа неповратно ќе ја загуби својата младост и нејзината коса ќе почне да белее. Вистинска љубов е онаа љубов која вели: "Ти си за мене подрагоцено нешто и од самиот мој живот, љубовта кон тебе е единствената причина на моето постоење".

Љубовта значи давање на безрезервна љубов, која не се воздржува во зависност од добрите или од лошите особини на некоја личност. Старата поговорка "Љубовта е слепа" би значела дека некоја личност може да биде слепа во верувањето дека некое чувство е љубов, дури и кога тоа не е навистина така, но оригиналното значење на оваа поговорка е дека љубовта не суди за постапките на саканото лице. Љубовта е таа која вели: "Јас те сакам тебе заради тебе, таков, каков што си".

 Љубовта живее за да не' мотивира и придвижува кон таа цел, го осмислува нашиот живот. Затоа многу често луѓето велат дека за нив љубовта е дури и поскапоцено нешто и од самиот живот. Животот и самиот, е резултат на љубовта. Пред ти да се родиш, твојот татко и твојата мајка ги поврзала љубовта и, во момент на нивно взаемно вплотување, ти прераснуваш во егзистенција. Тоа значи дека љубовта доаѓа пред животот, односно дека љубовта го создава животот. И со самото твое раѓање, за твоите родители ти го претставуваш највредното, најскапоценото нешто во нивниот живот, кое тие не би го менувале за никакво богатсво во овој наш универзум.

Милијарди луѓе на оваа планета се родиле како резултат на љубовта која се создала помеѓу еден маж и една жена. Целокупниот човечки род е изграден, односно, создаден врз основа на љубовта, која постојано се пренесува од генерација на генерација, без воопшто да изгуби, и најмал дел, од својата вредност.

 

Условна љубов

Од сите најразлични форми на изразување на љубов, највисока и најзрела форма е давање на љубов при кое не се очекува возвраќање на истата. Тоа е несебичен, незаменлив и непроменлив израз на давање љубов. Иако секој од нас копнее да биде сакан, сепак, зрелата личност продолжува да сака дури и тогаш кога љубовта не и е возвратена. Оваа љубов е безусловна љубов, љубов која не поставува ниту услови ниту граници, љубов која ја пружа родителот кон своето дете.

Еден од најстарите и најдлабоки копнежи, по кој тежнеат сите човечки суштества, е копнежот за безусловна љубов. Но, како и да е, со текот на нашето растење и созревање, животот не доведува до ситуации при кои ние ја искусуваме и т.н. условна љубов. Условната љубов, односно љубовта која е водена од некои принципи или очекувања, ја предизвикува и мотивира личноста да созрее и да посегне кон ѕвездите, да успее

Но, условната љубов може да биде дадена и на погрешен начин, па така може да предизвика повеќе штета отколку корист. "Заслужената" љубов може многу лесно да предизвика горко чувство кај нас, дека сме сакани, не заради својата личност, туку заради постапките со кои им угодуваме на другите луѓе. 

Безусловна љубов

Безусловната љубов ни дава чувство на мир, сигурност и среќа. Таа ни кажува дека сме сакани заради самите нас, а не заради нашите постапки. Неа нема потреба да ја заслужуваме или да ја здобиваме и таа не може да се контролира. Ние сме сакани заради нашата уникатност, а не заради тоа што исполнуваме нечии поставени услови

Лажна љубов 

Сите ние многу лесно можеме да бидеме вовлечени во лажна љубов. Вистинската и лажната љубов имаат иста стартна, појдовна точка, за некое кратко време тие дури можат дури и да наликуваат една на друга. Но, правците на движење на овие два различни начина на љубов, резултираат во драматично различни ефекти. Вистинската љубов е безусловна, несебична и непроменлива, љубов која се пружа за добробит на саканата личност. Таа создава вистинска радост и среќа. Но, доколку се трудиме да се вложиме себе си во една погрешна, невистинита љубов, тоа ќе резултира лажна љубов, љубов која се движи околу себичноста на една личност и во исполнувањето на моменталните желби и потреби на таа личност. Според ова изгледа дека лажната, невистинската љубов е условена љубов, односно љубов која е наклонета на промени.

Лажната љубов може и да изгледа несебична на самиот почеток, но сепак радоста и среќата нема да резултираат во една долга врска помеѓу две личности, затоа што лажната љубов има свои корени во неодлучните, егоцентрични чувства на "Јас сакам... Јас имам потреба од... Јас посакувам да..." Копнежите на егоцентричната, себична љубов никогаш нема сосема да ги задоволат нашите желби и копнежи, па според тоа задоволството од тие односи никогаш не се остварува. Никој од нас никогаш не посакува да оствари некаква лажна, невистинита љубов, но многу често ние се ловиме себе си како веќе се наоѓаме во мрежата на една таква љубов која без исклучок, секогаш не повредува и не разочарува.

Болките и раните кои ги нанесува лажната љубов се повторуваат низ генерациите, но многу е тешко тие болки да се излечат. Во последно време доста голем број луѓе сметаат дека треба да се вратиме наназад и да ги истражиме идеалите на семејството кои треба да претставуваат школа на љубовта.

И за крај еден совет:

Труди се секојпат да бидеш со луѓе кои се грижат за тебе и те сакаат, со луѓе кои нема да ти поставуваат услови како да се однесуваш и кои немаат некакви нереални очекувања од тебе. Оние луѓе, кои за себе, имаат сигурно и високо чувство на само - почит, секогаш ќе ти дозволат да го задржиш својот интегритет и ќе те прифатат и сакаат таков каков што си. Дружи се со луѓе со кои се чувствуваш пријатно и опуштено, кои ти помагаат да изградиш позитивно чувство за самиот себе. И возврати им на ист начин.

 

Што е љубов?

Дали можеме да дадеме дефиниција за љубовта? Кои се основните елементи и карактеристики на љубовта?

Напросто кажано, помеѓу две личности мора да постои, така наречено, "кружно движење" на љубовта, доколку сакаат таа да опстане. Една личност и дава љубов на друга личност, таа ја прима и кај неа се раѓа желба да возврати на примената љубов. Кружното движење на љубовта создава врска помеѓу две личности, која ниеден од нив не сака да ја прекине. Доколку таа врска на взаемна љубов, создадена помеѓу две личности, постане достатно јака, тие две личности нема да се разделат. Тогаш никаква сила не може да ја уништи нивната врска, затоа што тие постануваат едно суштество. Тие не можат ниту да замислат дека би можело да постои нешто друго освен нивната љубов која ќе биде движечка сила во нивниот живот.

Постојат многу видови на врски и односи помеѓу луѓето кои не се љубов, но сепак изгледаат како такви. Веројатно тоа е и причината зошто постојат толку многу урнати сништа и скршени срца во овој наш свет.

Се што постои во природата егзистира во парови. Секој животински вид успева да опстане токму поради чинот на давање и примање кој постои помеѓу две суштества кои се надополнуваат. Секое нешто што постои, дури и без разлика дали е од жива или нежива природа, успева да опстане во светот токму врз база на една взаемна врска. Електронот се врти околу протонот. Планетите се вртат околу Сонцето и создаваат взаемна врска со него. Само со взаемната врска се продолжува видот. Животот не би можел да опстане и да продолжи да се развива без апсолутното надополнување помеѓу Северниот и Јужниот Пол на земјата. Слично на ова, на нашата планета Земја постојат само два вида на луѓе, само два пола - маж и жена, односно машки и женски. И чудесно е тоа што тие совршено се надополнуваат, во секој поглед. Многу позачудувачки е фактот дека на Земјата, секоја година, се раѓаат подеднаков број на машки и женски деца.

Мажите се упатени кон надворешноста, нивната природа ги води кон тоа да го освојат светот и да го направат животот побезбеден за живеење, додека жените се ориентирани кон внатрешноста, семејството, да ја зачуваат безбедноста во внатрешниот свет, да го негуваат и одгледуваат. Така тие заедно создаваат нов живот.

За машкиот и за женскиот род можеме да дознаеме и да научиме од самата природа. Тоа не е нешто што го дознаваме само од сексуалните врски и односи, тоа е нешто кое самата природа го развива со самото раѓање и кое би требало да се негува. Нас не' привлекува спротивниот пол затоа што ние сме суштински определени да го оствариме исполнувањето на нашата личност преку взаемното давање и примање љубов.

Друг квалитет кој што ја одразува природата на љубовта е постојаноста. Секоја мајка ја пружа својата љубов на своето дете без воопшто и да размисли која е жртвата која таа како мајка треба да ја поднесе. Таа ја дава сета своја сила за да го роди своето дете, ја жртвува суштесвената супстанција на своето тело за да го нахрани, безброј бессони ноќи бдее над своето дете за да му помогне и да го негува, секој ден се грижи за да му пружи среќен и безбеден живот. Кога нејзиното дете ќе порасне дали мајката му дава сметка за тоа да види колкава е жртвата која таа ја поднела? НЕ. Тогаш, на кој начин и' е возвратено за сето она кое таа го пружила за добробит на своето дете? Само со неговата љубов, а тоа е сето она за што се грижи мајката. Подоцна, нејзиното дете, за возврат, сета онаа љубов која ја добило од својата мајка ја пренесува на сопствените деца.

Љубовта значи давање на безрезервна љубов, која не се воздржува во зависност од добрите или од лошите особини на некоја личност. Старата поговорка "Љубовта е слепа" би значела дека некоја личност може да биде слепа во верувањето дека некое чувство е љубов, дури и кога тоа не е навистина така, но оригиналното значење на оваа поговорка е дека љубовта не суди за постапките на саканото лице. Љубовта е таа која вели: "Јас те сакам тебе заради тебе, таков, каков што си".

Жената ќе продолжи да го сака својот маж и тогаш кога тој ќе минува низ најтешките периоди во својот живот. Мажот ќе ја сака својата жена и тогаш кога таа неповратно ќе ја загуби својата младост и нејзината коса ќе почне да белее. Вистинска љубов е онаа љубов која вели: "Ти си за мене подрагоцено нешто и од самиот мој живот, љубовта кон тебе е единствената причина на моето постоење".

Секоја генерација живее за добробит на следната генерација. Љубовта живее за да не' мотивира и придвижува кон таа цел, го осмислува нашиот живот. Затоа многу често луѓето велат дека за нив љубовта е дури и поскапоцено нешто и од самиот живот. Животот, и самиот, е резултат на љубовта. Пред ти да се родиш, твојот татко и твојата мајка ги поврзала љубовта и, во момент на нивно взаемно вплотување, ти прераснуваш во егзистенција. Тоа значи дека љубовта доаѓа пред животот, односно дека љубовта го создава животот. И со самото твое раѓање, за твоите родители ти го претставуваш највредното, најскапоценото нешто во нивниот живот, кое тие не би го менувале за никакво богатсво во овој наш универзум.

Милијарди луѓе на оваа планета се родиле како резултат на љубовта која се создала помеѓу еден маж и една жена. Целокупниот човечки род е изграден, односно, создаден врз основа на љубовта, која постојано се пренесува од генерација на генерација, без воопшто да изгуби, и најмал дел, од својата вредност.

 

Условна љубов

Од сите најразлични форми на изразување на љубов, највисока и најзрела форма е давање на љубов при кое не се очекува возвраќање на истата. Тоа е несебичен, незаменлив и непроменлив израз на давање љубов. Иако секој од нас копнее да биде сакан, сепак, зрелата личност продолжува да сака дури и тогаш кога љубовта не и е возвратена. Оваа љубов е безусловна љубов, љубов која не поставува ниту услови ниту граници, љубов која ја пружа родителот кон своето дете.

Еден од најстарите и најдлабоки копнежи, по кој тежнеат сите човечки суштества, е копнежот за безусловна љубов. Но, како и да е, со текот на нашето растење и созревање, животот не доведува до ситуации при кои ние ја искусуваме и т.н. условна љубов. Условната љубов, односно љубовта која е водена од некои принципи или очекувања, ја предизвикува и мотивира личноста да созрее и да посегне кон ѕвездите, да успее

Но, условната љубов може да биде дадена и на погрешен начин, па така може да предизвика повеќе штета отколку корист. "Заслужената" љубов може многу лесно да предизвика горко чувство кај нас, дека сме сакани, не заради својата личност, туку заради постапките со кои им угодуваме на другите луѓе. 

Безусловна љубов

Безусловната љубов ни дава чувство на мир, сигурност и среќа. Таа ни кажува дека сме сакани заради самите нас, а не заради нашите постапки. Неа нема потреба да ја заслужуваме или да ја здобиваме и таа не може да се контролира. Ние сме сакани заради нашата уникатност, а не заради тоа што исполнуваме нечии поставени услови

Лажна љубов

Сите ние многу лесно можеме да бидеме вовлечени во лажна љубов. Вистинската и лажната љубов имаат иста стартна, појдовна точка, за некое кратко време тие дури можат дури и да наликуваат една на друга. Но, правците на движење на овие два различни начина на љубов, резултираат во драматично различни ефекти. Вистинската љубов е безусловна, несебична и непроменлива, љубов која се пружа за добробит на саканата личност. Таа создава вистинска радост и среќа. Но, доколку се трудиме да се вложиме себе си во една погрешна, невистинита љубов, тоа ќе резултира лажна љубов, љубов која се движи околу себичноста на една личност и во исполнувањето на моменталните желби и потреби на таа личност. Според ова изгледа дека лажната, невистинската љубов е условена љубов, односно љубов која е наклонета на промени.

Лажната љубов може и да изгледа несебична на самиот почеток, но сепак радоста и среќата нема да резултираат во една долга врска помеѓу две личности, затоа што лажната љубов има свои корени во неодлучните, егоцентрични чувства на "Јас сакам... Јас имам потреба од... Јас посакувам да..." Копнежите на егоцентричната, себична љубов никогаш нема сосема да ги задоволат нашите желби и копнежи, па според тоа задоволството од тие односи никогаш не се остварува. Никој од нас никогаш не посакува да оствари некаква лажна, невистинита љубов, но многу често ние се ловиме себе си како веќе се наоѓаме во мрежата на една таква љубов која без исклучок, секогаш не повредува и не разочарува.

Болките и раните кои ги нанесува лажната љубов се повторуваат низ генерациите, но многу е тешко тие болки да се излечат. Во последно време доста голем број луѓе сметаат дека треба да се вратиме наназад и да ги истражиме идеалите на семејството кои треба да претставуваат школа на љубовта.

И за крај еден совет:

Труди се секојпат да бидеш со луѓе кои се грижат за тебе и те сакаат, со луѓе кои нема да ти поставуваат услови како да се однесуваш и кои немаат некакви нереални очекувања од тебе. Оние луѓе, кои за себе, имаат сигурно и високо чувство на само - почит, секогаш ќе ти дозволат да го задржиш својот интегритет и ќе те прифатат и сакаат таков каков што си. Дружи се со луѓе со кои се чувствуваш пријатно и опуштено, кои ти помагаат да изградиш позитивно чувство за самиот себе. И возврати им на ист начин.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK