Нед03262017

Последна промена12:53:33 PM

Back Вие сте на: Home Култура и Уметност СВЕТСКА ПРЕМИЕРА НА ,,ДЕНИЦИЈА" ОД ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ

Култура и уметност

СВЕТСКА ПРЕМИЕРА НА ,,ДЕНИЦИЈА" ОД ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ

Сподели

Во продукција на Народниот театар од Охрид и Театарот „Ici et la“ од Париз,Франција, во Недела на 4 декември во 20:00 часот, во Драмски театар во Скопје, ќе се одржи светската премиера на драмската презентација на историската поема  „Дениција“ на великанот на македонската книжевност Петре М. Андреевски.

 

Подготвуван последните две години како поетско-театарски сон што ја пласира „Дениција“ во основата на македонскиот духовен идентитет во европски и светски рамки, нејзината праизведба во Македонија се совпаѓа со десетгодишнината од смртта на акедмик Петре М. Андреевски (1934-2006). Во овој несекојдневен театарски потфат на режисерот Константин Плевнеш, кој е воедно автор на оригиналната музика, во улогата на Петре М. Андреевски настапува првенецот на Драмскиот театар Рубенс Муратовски, во улогата на Дениција, младата актерка Димитрина Мицкоска, а во улогата на божицата Талија, Саша Ефтимова од МОБ. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата е на Марија Пупучевска,  видео-арт Милчо Узунов, додека уметнички советник е Флориан Габер. Во рамките на претставата користени се и 5 слики на Сергеј Андреевски на тема „Дениција“.

Интересно е да се одбележи дека претставата е во копродукција со парискиот театар  „Ici et la“, со оглед на фактот што поезијата на Петре М. Андреевски е преведена на француски, предвиден е и настап во повеќе европски метрополи.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK