Чет01192017

Последна промена01:29:52 PM

Back Вие сте на: Home Култура и Уметност Заврши реконструкцијата на струшките фасади

Култура и уметност

Заврши реконструкцијата на струшките фасади

Сподели

Со проектот за конзервација на фасади на повеќе објекти од староградска и градска архитектура низ градовите во Република Македонија, тие се заштитуваат од нивно понатамошно пропаѓање и целосно губење на нивната автентичност, а исто така се подобруваат и визурите на карактеристични делови од старото градско јадро ...

 

Во рамките на програмата на Министерството за култура за обнова и конзервација на повеќе фасади од старата градска архитектура во значајни градски јадра, НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј од Охрид ја заврши обновата на фасадата на објект лоциран во старото градско јадро на Струга.

Надлежната установа, целосно ја обнови надворешноста и покривната конструкција на објектот на ул.Гоце Делчев бр.84 или познат како куќата на Роза Несторова Ристова. Станува збор за објект од 19 век со типична староградска архитектура кој со овие конзерваторски активности ја сочува својата впечатлива надворешност.
Куќата која физички е поделена на двајца сопственици, со својот надворешниот изглед упатува на еден објект со заедничка фасада и кровна конструкција. При изградбата на објектот максимално е искористен просторот предвиден за градење, во состав на уличниот низ на градби што е типично за тогашното градителство. Исто така, надлежната установа, во Струга работи на активностите за конзервација и реставрација на фасадата на објект лоциран на улица „Браќа Миладиновци“ број 32 или познат како Куќата на Љуба Блажеска и други.

Со проектот за конзервација на фасади на повеќе објекти од староградска и градска архитектура низ градовите во Република Македонија, тие се заштитуваат од нивно понатамошно пропаѓање и целосно губење на нивната автентичност, а исто така се подобруваат и визурите на карактеристични делови од старото градско јадро, како и амбиентот и ликот на амбиенталните целини на цели улички во старите градски јадра.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK