Пет04282017

Последна промена06:05:40 PM

Back Вие сте на: Home Култура и Уметност Изложба на тројца уметници во Охрид

Култура и уметност

Изложба на тројца уметници во Охрид

Сподели

Изложба на тројца уметници Голема „ТРОЈКА“ за мигот и вечноста во центарот за кутура во Охрид.

 

- Сон кој значи живот -

Големината на човекот е во видливоста, сензибилноста, грандиозноста,
трајноста, безвремената сила и големина на неговите дела. Сонот може да биде
јаве, само тогаш кога неговиот запис живее, отелотворен во поединецот кој низ
него ја храни сопствената душа, својот ум, го трасира личниот пат...
Пред нас, имаме дела кои не зборуваат, но пренесуваат, објаснуваат,
допираат, разнежнуваат и го будат секој еден кој ќе застане и ќе посака да биде
дел од недопреното, но силно посакувано.
Следејќи го просторот, пределот, атмосферата, врската помеѓу
внатрешниот и надворешниот свет, гледајќи, допираме до една поинаква
светлина, убавина која не опкружува, а многупати, за нас, останува нејасна.
Токму оваа изложба е изложба на нераскинливата врска на мигот и
вечноста. Поврзувајќи го таинственото и реалното овие дела исполнуваат,
допираат до оној дел во кој големата тројка, низ моќта на колоритноста се
обидува да ги разграничи духовните и просторните предели.
Несекојдневната визуелизација на вообичаеното, проткаено со мистиката на
скриените чувства, отвора едно волшебно патување низ прекрасниот сон
исполнет со многу емоции, желби, откривања, еден поинаков допир до
човечката душа, честопати исполнета со несигурност, страв, немоќ, но силна,
борбена, истрајна и желна за безвремена трајност на убавината, мирот,
духовната храна, топлината.
Следејќи го сонот, едноставно го достигнуваш духовниот врв.
Така и овојпат, некогаш можеби без посебна приказна или мотив,
едноставно следејќи го гестот и внатрешната енергија, со чиста ликовност во
бојата и потегот, настануваат дела чија колоритност, допира до сечиј сон, до
сечија скриена желба или можеби видлива експресија.
Изложбата на тројцата автори, не е само обична изложба на тројца ликовни
уметници, таа е едно силно авантуристичко патување, проткаено со многу
емоции, притоа исполнето со лирско-поетичната нишка на пределот, на
благоста, меланхоличноста во доживувањето на природата, лиризмот и
драмското, мистиката и метафизиката, реалното и апстрактното...
Секое од прикажаните дела е одредена животна секвенца.
Крај нив, никогаш не си осамен, празен, рамнодушен. Напротив,
исполнет и силен со нив сонуваш и патуваш во една друга димензија, се
радуваш, се присетуваш, а носталгичноста останува печат на убавината на
мигот и вечноста, на физчкото и духовното.
Владимир Темков, Драган Најденовски и Владимир Симоновски, низ својата заедничка изложба го оживуваат сонот на секој оној кој има храброст да погледне во својата душа, да живее во мигот кој значи живот, да сонува и да создава трајни и непроценливи вредности.
И овојпат, бројот три е симбол на успехот, резултат на долгогодишната
работа и искуство, симбиоза на емотивноста, проткаена со моќта на ликовниот
израз и големината на вечното пријателство на петте ликовни уметници.
Гледајте, уживајте, чувствувајте, патувајте...
Овековечете го мигот на безграничноста...

Изложбата ќе биде поставена во вторник (20.12 2016год) во изложбениот салон при НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид. Отварањето на изложбата е во 19 часот.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK