Чет08172017

Последна промена06:42:11 PM

Back Вие сте на: Home Култура и Уметност Изложба на фотографии „Победата над фашизмот“

Култура и уметност

Изложба на фотографии „Победата над фашизмот“

Сподели

Во Центарот за култура „Григор Прличев“, во организација на почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид и Општина Охрид се одржа изложба на фотографии од „Победата над фашизмот“.

 

На изложбата беа прикажани фотографии од ослободувањето на повеќе европски градови од Фашизмот во Втората светска војна од страна на Црвената армија.

Денот на победата над фашизмот 9 Мај се прославува во целиот свет. Тоа е голем ден оттаму што извојувана е можеби најголемата победа во историјата на човештвото. Ова е еден наш придонес, на Амбасадата на Руската Федерација во Македонија, Почесниот конзулат на Русија во Охрид и на Општина Охрид во севкупното одбележување на Денот на победата над фашизмот во Република Македонија, изјави Велимир Стојковски, почесен конзул на Руската Федерација во Македонија.

Важноста на изложбата е голема бидејќи таа претставува една реална слика на се она што се случувало во времето на Втората светска војна.

Овие стари фотографии се документ за оние што војувале и ги дале своите животи во тоа тешко време. Само еден поглед врз фотографиите веднаш ги покажува среќните лица на луѓето од цела Европа како со радост го дочекуваат денот на победата. Овие изложби се значајни за сите, но особено на најмладите, за да знаат што значи војната и какви последици носи таа, рече Александар Евгењевич Алексеев, прв секретар на Руската амбасада во Македонија.

Градоначалникот Никола Бакрачески истакна дека со оваа изложба се потврдува веќе одличната соработка со Русија што во иднина ќе се унапредува.

 Рускиот братски народ, во текот на Втората светска војна даде најголем придонес во поразувањето на фашизмот, најголемото зло на дваесеттиот век.Заедно со сојузниците, народите и државтите од светот, меѓу кои беше и македонскиот народ, со многу пролеана крв беше победен фашизмот и неговата идеологија која го поробуваше светот, ги уништуваше цивилизациските вредности, слободата и демократијата. Горди сме што бевме дел од победничката антифашистичка коалиција, зошто Втората светска војна за нас беше и народно ослободителна војна во која со многу пролеана крв,јунаштво и херојски подвизи дојдовме до вековно посакуваната слобода. Беше остварен вековниот сон на нашите претци,кој беше заокружен со одржувањето на референдумот и прогласуввањето на слободна,самостојна, суверена и самостојна Република Македонија, истакна градоналакникот Бакрачески.

Како дел од активностите што Амбасадата на Руската Федерација во Македонија ги организира за одбележување на Денот на победата над фашизмот предвидено е утре во Скопје да биде отворена Недела на рускиот воен филм.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK