Чет08172017

Последна промена06:42:11 PM

Back Вие сте на: Home Култура и Уметност Народен Театар Охрид со две гостувања надвор од Македонија

Култура и уметност

Народен Театар Охрид со две гостувања надвор од Македонија

Сподели

Во среда, 24-ти мај, на покана на македонското друштво “Македониум” од Белград, во Народниот Театар ќе се одигра претставата “Аналфабет” од Бранислав Нушиќ, а во режија на Ѓорѓи Ризески.

Играат актерите: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски и Елизабета Стефановска. Претставата е дел од манифестацијата “Денови на Македонската култура во Белград – Допирот на Македонија”. Почетокот на истата е во 20:30 часот.

Турнејата понатаму продолжува во Германија, поточно во Франкфурт, каде ќе се одигра театарската импровизација – “Импровокација”, со актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Филип Кипровски, подпомогнати од Филип Жура. Организатори на настанот се Македонското културно и спортско друштво “Македонија” – Франкфурт. Импровокација ќе се одигра во сабота 27-ми мај, со почеток во 19:30 часот.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK