Чет10192017

Последна промена09:41:09 PM

Back Вие сте на: Home Култура и Уметност ПОЕТЕСАТА НАТАЛИЈА СТРЕЗОВСКА ОД ОУ„СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ПОВТОРНО НАГРАДЕНА

Култура и уметност

ПОЕТЕСАТА НАТАЛИЈА СТРЕЗОВСКА ОД ОУ„СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ПОВТОРНО НАГРАДЕНА

Сподели

Наталија Стрезовска од ОУ „Св. Климент Охридски“ - Охрид се закити со втора награда за литературна творба на конкурсот на тема „Хуманоста во заштита на човековото добро и достоинство“ кој беше објавен од страна на Клубот за грижа за стари лица при Црвен крст - Охрид, а по повод одбележувањето на 8 Мај – Светскиот ден на Црвениот крст и Неделата на Црвениот крст (8 -15 мај), како и чествувањето на празникот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

 

Со својата творба под наслов „Имаме срце да го даруваме на другите“ поетесата потсети дека хуманоста е најчовечна особина, доблест на секој поединец.
Инаку, Наталија Стрезовска, под менторство на професорката Никица Мишева, достојно го претставува училиштето на повеќе литертурни конкурси и е добитничка на неколку награди на општинско, државно и меѓународно ниво.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK