Сре11222017

Последна промена12:04:19 AM

Back Вие сте на: Home Култура и Уметност Поети од Охрид и Струга-дел од поетските средби во Белград

Култура и уметност

Поети од Охрид и Струга-дел од поетските средби во Белград

Сподели

Поети од Охрид и Струга се дел од македонските поети кои учествуваат на поетски средби во Србија и на Саемот на книга во Белград.

Македонските поети Петко Шипинкаровски, Христо Петрески, Мишо Китаноски, Тоде Илијески и Костадинка Коца Ѓорѓевска од денеска до 27 октомври ќе бидат дел од поетскиот карван на четириесетина поети и писатели од Србија, Франција, Германија, Унгарија, Босна и Херцеговина, Холандија, Црна Гора, Македонија и други земји од Европа. Под мотото „Враќање кон корените“, учесниците на карванот ќе престојуваат во Ниш, Лисине, Деспотовац и Белград. За време на карванот, македонските поети ќе настапат на повеќе места на поетските читања, со избор на песни и трудови од своето творештво.

На 26 октомври во 17 часот во Друштвото на писатели на Србија во Белград, претседателите на Клубот на писателите „Седумка“ од Франкфурт – Германија Љубиша Симиќ и на Културниот центар „Бран“ од Струга Петко Шипинкаровски ќе потпишат Меморандум за соработка и разбирање.На Саемот на книгата во Белград на 27 октомври македонските поети Шипинкаровски, Петрески, Китаноски, Илијески и Ѓорѓевска ќе бидат претставени и ќе бидат промовирани нивни книжевни дела, а ќе биде направена промоција и на книжевното списание „Бранувања“ што го издава „Бран“ од Струга.На поетскиот карван „Враќање кон корените“ македонските поети ќе престојуваат на покана на Друштвото на писателите „Седумка“ од Франкфурт – Германија.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK