Сре11222017

Последна промена12:04:19 AM

Back Вие сте на: Home Култура и Уметност Народен Театар Битола гостува во Охрид

Култура и уметност

Народен Театар Битола гостува во Охрид

Сподели

Народен Театар Битола гостува во Охрид.

 

"ПОСЛЕДНАТА НОЌ" од Ингмар Вилквист, режија Андреј Цветановски.
Играат: Марјан Ѓорѓиевски и Соња Михајлова.
Превод: Ана Светозаров
Сцена: Сергеј Светозарев
Костими: Марта Дојчиновска
Музика: Димитар Андоновски

Картите по цена од 150 денари се веќе пуштени на билетарата при театарот.
Сабота 28-ми октомври. Почеток 20.00 часот

Оваа претстава е обид да се покаже што прави надворешниот свет врз домот на едно семејство, како домот се растура под стегите на тоа што се случува надвор. Една фамилијарна приказна која е фантастично напишана и иако е драма за двајца, сепак зборува за историјата на човештвото, едно парче живот во кој се случуваат големи потреси во надворешниот свет, а со тоа и во нивниот изолиран внатрешен свет. Психолошка драма, која ги напаѓа сите сетила и емоции. Нешто што ги разрушува и уништува сите тие работи што семејството ги гради. Приказна што зборува за поинакво семејство, понижувано смејство, кое успева до таа ноќ да го одржи својот мал, но значаен свет – вели режисерот Цветановски.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK