Сре11222017

Последна промена12:04:19 AM

Back Вие сте на: Home Култура и Уметност Трета сезона „Импровокација“ со многу забава

Култура и уметност

Трета сезона „Импровокација“ со многу забава

Сподели

Претстојниот викенд, во сабота, во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде одиграна третата епизода од третата сезона на популарната “Импровокација” со актерите на Народниот Театар од Охрид: Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски, потпомогнати од домаќинот на шоуто Филип Ангеличин - Жура.

Ексклузивно за ова издание екипата на Импровокација има нов член, кој засега не се открива.
Новата „ИМПРОВОКАЦИЈА“ носи нови игри и многу забава.Ваквата форма на театар за прв пат се воведува во нашата земја па дури и во регионот. Целта на „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е преку еден неформален и забавен начин да ја демистифицира магијата на создавање театарски игри (сцени) за да го доближи театарот што повеќе до пошироката публика. Театарската импровизација „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е спонтана, забавна и смешна, но како сите други работи треба да се види и доживее за да се ужива во неа.
Почетокот на шоуто е во 20.00 часот во добро познатиот „ќерал“ на Народниот Театар во Охрид.
Картите во продажба  во Музичка Продавница Зизи Топ по цена од 150 денари и 200 денари на денот на шоуто. 
Карти може да резервирате и на телефонскиот број 075283066 од 11.00-15.00 часот.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK