Саб12162017

Последна промена01:44:15 PM

Back Вие сте на: Home Култура и Уметност За Националната стратегија за култура ќе се дебатира и во Струга

Култура и уметност

За Националната стратегија за култура ќе се дебатира и во Струга

Сподели

Струга е меѓу градовите во Република Македонија каде е предвиден проектот-јавни дебати за Националната стратегија за култура на Република Македонија за периодот 2018-2022 година.

Во рамките на овој проект јавни дебати по Нацрт- стратегијата за развој на културата за периодот од 2018 до 2022 година, покрај во Струга, предвидено е да се одржуваат и во Струмица, Куманово, Штип, Тетово, Кавадарци и Скопје.Целта на овие дебати е предлозите да доаѓаат од вработените во институциите од културата, врз основа на кои ќе се градат натаму политиките во културата на највисоко ниво. Целта на дебатите исто така е овој систем на генерирање идеи и предлози да се децентрализира,а не како досега сè да се одвива само во Скопје.Организатори на оваа дебата се здружението за култура и развој на креативни индустрии „Култ – Транзен“ од Струмица, а како коорганизатор и домаќин на настанот е здружението на граѓани „Театарска работилница“ од Прилеп. Проектот се реализира со финансиска подрршка на УСАИД и е во тесна соработка со Министерството за култура.Во рамките на овој проект јавна дебата по Нацрт- стратегијата за развој на културата за периодот од 2018 до 2022 година, вчера се одржа во киното „Мис Стон“ во Прилеп.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK