Саб12162017

Последна промена01:44:15 PM

Back Вие сте на: Home Култура и Уметност Јавна расправа за нацрт стратегијата за културен развој 2018-2022

Култура и уметност

Јавна расправа за нацрт стратегијата за културен развој 2018-2022

Сподели

Утре, четврток 23.11.2017, во хотел "Нова Ривиера" во Охрид, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи јавна расправа за нацрт-стратегијата за културен развој 2018-2022.

 

Јавната расправа е дел од проектот „Дебати на тема Национална стратегија за култура 2018-2022“ на ЈАДРО Асоцијацијата на независната културна сцена, кој се реализира во соработка со .Министерството за култура.

Во Охрид расправата ќе ја отвори претставник од Министерството за култура, по што ќе следи претставување на унапредената верзија на нацрт – стратегијата, како и општа расправа за системската поставеност, главните аномалии, за сегашната поставеност на системот на културни установи и за тоа дали е потребна нова инфраструктура и институции. Излагачи се: Донка Барџиева, висок советник за културно наследство на Министерот за култура, Искра Гешоска, претставик на Јадро која е член на работната група при Министерство за култура, Никола Гелевски, независен издавач и автор, активист и уредник на потралот Окно, Дејана Николовска театарски режисер и Илина Арсова, независен уметник и активист.

Модератор на дебатата е Александра Бубевска, а локален координатор е Јасмина Билаловиќ.

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK