Саб12162017

Последна промена01:44:15 PM

Back Вие сте на: Home Култура и Уметност Промоција на книгата „Говор на телото“

Култура и уметност

Промоција на книгата „Говор на телото“

Сподели

На 30 ноември во четврток во 12 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана книгата „Говор на телото“ од Зендел Абедин Шехи.

 

Трудот на д-р Шехи „Говор на телото“ всушност претставува комплетен навигациски водич за невербална комуникација. Во книгата се зборува за историјата на невербалната комуникација, нејзината природа, еволуција на говорот на телото. Универзални фацијални експресии, читање и анализирање на луѓето околу нас. Разбирање на туѓите гестови, знаци и други фактори (сигнали и значење). Значење на знаците (очи – движења, глава, раце дланки, ракување, нозе стапала, персонална далечина и синхронизација). Говорот на телото, позиционирање и седење во однос на другите. Флертување, додворување, закажување состанок, вели во најавата за овој настан промоторот Верица Пандиловска – Гичева.

Присутните на промоцијата во Охрид ќе слушнат за постоењето на речник на говорот на телото, како и за: фобиите, психологијата на лагата. Зошто лажеме,што губиме а што добиваме? Препознавање на лаги. Его. За цената на лажењето и за препознавањето лаги.

Воедно во книгата на д-р Шехи се зборува (професорот ќе зборува во своето излагање на промоцијата) за убавината и убавиот збор на куртоазија и емпатија, за експресија и светот на емоции и за ред други убави нешта.

Д-р Зендел Абедин Шехи е претседател и основач на ЕУ ИНСТИТУТОТ . Тој е човек со огромно искуство во менаџмент, меѓународно право и дипломатија, но и експерт за говор на тело и комуникација. Човекот со визија и сон вели: “Имам еден сон кога еден ден сите граѓани ќе сфатат дека унитарноста и респектот на заедничките вредности ќе ги инвестираат во доверба и љубов каде што луѓето без предрасуди и омраза, без причина ќе научат со заеднички сили да ги победат сите препреки што ги ограничуваат да бидат дел од светот што припаѓаат.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK