Вто09252018

Последна промена05:58:32 PM

Back Вие сте на: Home Култура и Уметност ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА „ВРЕЛИОТ СНЕГ НА СТАЛИНГРАД“

Култура и уметност

ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА „ВРЕЛИОТ СНЕГ НА СТАЛИНГРАД“

Сподели

Во рамки на одбележувањето на 9-ти мај, Денот на Победата над фашизмот и  73 години од победата во Големата Татковинска војна, синоќа во куќата на Уранија беше отворена изложбата  на фотографии „Врелиот снег на Сталинград“ посветена на Сталинградската битка.


Присутните ги поздрави градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски кој посака градов да биде домаќин на уште многу свечени настани кои ќе бидат повод за зацврстување на пријателскиот мост кој одамна го изградиле двете земји, Македонија и Русија.

  • -  Наша должност е секогаш да се сеќаваме на вакви историски моменти.  За жал Втората светска војна понесе многу човечки жртви. По ослободувањето човештвото оди напред и така ќе биде секогаш . Секогаш  се насочуваме во градењето на подобра и светла иднина за сите нас. Посакувам вакви убави средби и во иднина да имаме во нашиов град затоа што секогаш сме биле на страна на правдата и на оние кои се бореле за правдата, мирот и слободата. Нашите предци на тоа и не задолжиле. Така е и основан овој град, да биде посебен духовен центар и секогаш така ќе остане- рече градоначалникот Стојаноски

Пред присутните се обрати  и Почесниот конзул на Руската федерација во Македонија проф. д-р Велимир Стојковски кој се осврна на историскиот дел и значењето на Сталинградската битка во издвојувањето на слободата, а свое обраќање имаа и   претседателот на Општинската организација на Сојузот на борците од НОВ на Охрид и Дебарца, г. Гоце Георгиевски и вториот секретар на Амбасадата на Руската Федерација, г. Алексеј Кривошеев 
Изложбата ќе биде отворена  нареднава недела ,а посетителите  преку изожените фотографии ќе можат да се запознаат со една од најкрвавите и најжестоките битки во историјата.

Организатори на настанот се  Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид и Општина Охрид.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK