Пет10192018

Последна промена09:38:28 AM

Back Вие сте на: Home Култура и Уметност Струга домаќин на државниот фестивал на аматерски филм

Култура и уметност

Струга домаќин на државниот фестивал на аматерски филм

Сподели

После 35 години, во Струга повторно ќе заживее државниот фестивал на непрофесионален филм.

На први јуни годинава во Струга ќе се одржи 47-от по ред републички фестивал на аматерски филм. Фестивалот е во организација на Кино Сојуз на Македонија и Народна техника на Македонија а неговото повторно враќање во живот е со подршка од Агенцијата за филм на Македонија.Според пропозициите, право на учество имаат сите филмски автори од Република Македонија, членови на клубови, самостојни автори или групи.На фестивалот можат да бидат пријавени филмски остварувања во MP4 формат (H.264)Пријавените филмови можат да бидат од следниве категории:Документарен филм, Краток игран филм, Експериментален филм, Анимиран – цртан филм, Едноминутен филм – краток филм од било која категорија. освен музички и рекламен спот во времетраење до 60 секунди.Републичкиот фестивал на аматерски филм ќе се одржи во спомен домот „Браќа Миладиновци“ во Струга со почеток во 19 часот.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK