Вто10162018

Последна промена11:37:35 AM

Back Вие сте на: Home Култура и Уметност Посетена ликовната колонија во Дебарца

Култура и уметност

Посетена ликовната колонија во Дебарца

Сподели

Учесниците на книжевната манифестација „Струшки книжевни средби“2018,од Македонија,Србија,Хрватска,Албанија Русија,Германија и Словенија предводени од Петко Шипинкаровски,председател на Културниот центар „Бран“и главен и одговорен уредник на “Бранувања„имаа можност да го погледаат изборот од вредните дела реномирани ликовни уметници –учесници на Ликовната колонија „Дебарца“-2018,меѓу кои:Јордан Манасиески,Ѓоко Целески,Васко Ташковски,Јоне Симонче,Вангел Наумоски,Сергеј Андреески,Мето Георгиевски,Петар Мазев и многу други.

 

     На самото место,на мини, „Ликовната колонија“свои ликовни дела создаваа познатото уметничко и брачно дуо:Емилија и Стојче Тоциноски од Скопје,единствени,како такви на Балканот.

     Покрај многу бројните поети колнијата ја посетија и наградените автори на овогодишните книжевни средби:Виктор Шеќероски ,Никола Шимиќ Тонин ,Јордан Ѓорчев,Љубиша Симиќ,Елена Пренџова,Владимир Плавевски и Сузана Мицова,истакна Петко Шипинкаровски.

     Поетите читаа песни од своите творештва.Македонските и српските автори се членови на здружението „Бран“од Струга и „Седумка“од Франкфурт на Мајна-Германија,додека од Хрватска,се членови на“ ХКД„од Задар  и „Ритам мисли“од Вараждин истакна Шипинкароски.

Текст и фото:СТОЈАН кУКУНЕШОСКИ

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK