Култура и уметност

“ Прекрасната Кина“ пред охриѓани

Сподели

Изложбата што го освојува светот „Прекрасна Кина“ денеска и пред охриѓани.

 

По повод 20 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Народна Република Кина и Република Македонија, амбасадата на НР Кина во Р Македонија ја донесе изложбата  во Охрид.

- „Ова е најубавиот начин да се доближат убавините на Кина, егзотиката и волшебните мистични предели претставени преку фотографии од врвни кинески мајстори на фотографијата и е ретка прилика во која можат да уживаат љубителите на уметноста во мојот град Охрид и Р Македонија“, истакна градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески на отворањето на изложбата.

На изложбата, присуствуваше и Кинескиот амбасадор Цуи Џивеи, кој не не скри задоволството што за време на патрониот празник на Охрид, е гостин на градоначалникот Бакрачески..