Пет05242019

Последна промена07:37:40 PM

 

  • sileks
Back Вие сте на: Home Култура и Уметност Премиера на претставата „Каде е пиштолот“

Култура и уметност

Премиера на претставата „Каде е пиштолот“

Сподели

Премиера на претставата „Каде е пиштолот“ од Народен театар Охрид.

 

Текстот на најпознатиот унгарски автор Габор Ѓоргеј - „Каде е пиштолот?“ за првпат преведен и поставен во Македонија премиерно на репертоарот на Народен театар Охрид

ПРЕТПРЕМИЕРА - (27.12.2018 четврток) 20:00 часот, 200 ден.

ПРЕМИЕРА - (28.12.2018 петок) 20:00 часот, 250 ден.

билетара при НУЦК „Григор Прличев“ - Охрид

Режија: Дејана Николовска

Играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Ивица Цонев, Стрезо Стаматовски

Сценограф, костимограф и дизајн на светло: Милена Пантелеева
Музика: Гаро Ашикјан
Сценски движења: Асја Иванова
Инспициент: Филип Ангеличин-Жура
Технички раководител: Зоран Левески
Светло: Борис Велјаноски
Тон: Митко Серафимоски
Гардероба: Линдита Мерко, Деса Лазороска
Реквизита: Маријана Николоска, Соња Крстаноска
Сценски декоратери: Ѓоко Китоски, Љупчо Крстаноски, Даниел Андрески, Кире Ангелоски
Фотографии: Пеце Настески NP Studio

„Каде е пиштолот?“ е модерен сатиричен текст со силна егзистенцијалистичка позадина, создаден во седумдесеттите години од минатиот век. Во својата срж текстот се занимава со човековата дуална природа, играјќи помеѓу позициите на опресор и потчинет низ петте ликови кои го носат дејствието.
Зборот „пиштол“ предложен уште во насловот не е ништо друго туку театарски знак, систем на апстракции, симбол на моќта на насилство – кого ликовите го користат за да ги тероризираат останатите. Местото на дејство е затворен простор , во кој гледаме четири луѓе што седат и петтиот како вперува пиштол во нив. Четири од нив секогаш сакаат да излезат надвор од собата, а петтиот секогаш ќе се чувствува добро внатре. Тоа е оној кој е со пиштолот. Изворот на сите проблеми е токму тој - пиштолот. Пиштолот би можел да има и понаква намена, но не во овој случај. Tажно e, но овде не е можно да живеете без пиштол!

Габор Ѓоргеј (Görgey Gábor)
Унгарски писател, драматург, режисер. Помеѓу 2002-2003 бил Министер за култура на Унгарија. Бил уредник на бројни литературни списанија во Унгарија, член е на Унгарскиот ПЕН клуб. Бил главен драматург во Националниот унгарски театар, резидент во Мадаш Театар, како и на Панониа филм студио. Автор е на преку 30 литературни дела (драма, поезија, новели) а со пиесата “Каде е пиштолот?” добива меѓународно реноме, а пиесата се игра на многу меѓународни сцени, меѓу кои и САД. Добитник е на бројни литературни награди.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK