Пет01182019

Последна промена02:27:41 PM

 

Back Вие сте на: Home Култура и Уметност Поетски митинг во Струга

Култура и уметност

Поетски митинг во Струга

Сподели

Со одржување на поетскиот митинг,на 31.12.2018 година ,спроти Нова година,во хотелот Београд во Струга,на свечен начин започна одбележувањето на 75 годишнината од ослободувањето на Република Македонија и на градот на браќата Миладиновци.


На настанот,поети од Струга,Охрид и Вевчани учествуваа на оваа манифестација,под мотото „Песна за песната“ и,од кога направија заедничка фотографија пред спомен обележјето на местото од куќата на Сотир Шута,каде што на дочекот на Новата 1942 година,за прв пат,Владо Малески,по свои стихови,ја испеа песната „Денес над Македонија се раѓа“,а Истата,подоцна стана химна на Република Македонија.


Поетите на митингот читаа песни посветени на слободата на нашата Република Македонија.
На иницијаторот,за одржување на поетскиот митинг Културниот центар „Бран“,Ревијата за литература „Бранувања“ и мнафестацијата „Струшки книжевни средби“,им се придружи и Општинската организација на Сојузот на здружението на борците од НОАВМ и подржувачите – антифашисти,кои заеднички подготвија специјална програма посветена по повод 75 годишнината од нашата историска ПОБЕДА,и кои заеднички положија букет цвеќе пред споимен обележјето.


Раководството на Културниот центар „Бран“,Ревијата за литература „Бранување“и манифестацијата „Струшки книжевни средби“,едногласно одлучи,во знак на почит на авторот на химната Владо Малески и за неговото дело во придонесот на победата во НОАВМ и на повоена Македонија,на престојната манифестација „Струшки книжевни средби“,9 по ред,постхумно да му се додели “Златна благодарница“.

Текст и фото:СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK