Вто04232019

Последна промена11:48:23 AM

 

  • sileks
Back Вие сте на: Home Култура и Уметност 2018 успешна година за охридската библиотека

Култура и уметност

2018 успешна година за охридската библиотека

Сподели

За националната установа Библиотека „Григор Прличев“ 2018 година беше успешна во секој поглед.


Бројот на читатели константно се зголемува а во рамките на нашите можности и доделените средства од Министерството за култура континуирано набавуваме нови наслови од областа на белетристиката,науката , историјата и друга стручна литература.
Лани ја спроведовме законската ревизија на целокупниот книжевен фонд а паралелно работевме на популаризација на книгата и нејзино доближување до читателите.
Во изминатите 12 месеци во „Прличевата одаја“ беа одржани над 30 промоции и други промотивни средби со автори од Охрид, Македонија но и од:Хрватска, Бугарија и Србија.
Од промоциите во оваа пригода би ги издвоиле: Славе Ѓорѓо Димоски, Миле Миќуновиќ, Тоде Илиески, Мирко Томовски... Лани ја воспоставивме и титулата почесен член на НУ Библиотека „Григор Прличев“ а во листата веќе се запишани пет автори: Славе Катин, Вера Самарјанин, д-р Томе Груевски со промоцијата на втората книга за охриѓанецот Коста С. Шахов, роднокрајниот автор Наум Трајчески кој живее во Австралија, Славе Ѓорѓо Димоски и Смиле Наумоски – Брсјак кој лани со настанот во нашата библиотека одбележа пет децении од творештвото. Со благодарница од наша страна по повод големиот јубилеј 40 години постоење го дарувавме Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј.


Со пригодна програма беа одбележани „Прличевите беседи“, 150 годишнината од раѓањето на охриѓанецот Ефтим Спространов, собирач на народни умотворби.
Поставивме неколку изложби на книги посветени на творештвото на Живко Чинго и Блаже Тренески, и на Св Климент Охридски во македонската книжевност и научна мисла.
Во октомври во рамките на „Месецот на книгата“ во соработка со издавачот „Матица македонска“ одржавме 6 дневен саем кој помина повеќе од одлично. Бевме организатори на 19 Општински натпревар „Млади библиотекари“, победникот Борче Исакоски под менторство на Санете Миткова од ОУ „Христо Узунов“ победи и на Државниот натпревар одржан во Демир Хисар.


НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид заедно со Здружението за иновации во библиотечното работење ИНОВА ЛИБ во чии рамки е и охридската библиотека се одржа еднодневна обука во која средношколци од Охрид се вклучија во проект за помош на младите при изборот на студиите и нивна конкурентност на пазарот на труд.
Го спроведовме литературниот конкурс „Преку книгата откривам нови светови“а ученици од неколку основни училишта беа во посета на библиотеката и одблиску се запознаа со процесот на работа. Пред новогодишно ние бевме гости во ОУ „Братство – Единство“во Лескајца се дружевме со децата и им прочитавме творби сврзани со зимата и Нова година.


Во 2018 ја продлабочивме соработката со ФОН универзитетот со настаните: „Размена на книга“, презентација на проектот „Читачки навики“
Во соработка со ОМУ „Методи Патче“ го започнавме проектот „Вие нам музика, ние вам книга“.
НУ Библиотека „Григор Прличев“ од средината на август има пет ново вработени.
Лани со средства од Министерството за култура стигна мебелот за новиот простор а оваа година преку проекти од Министерството за култура и преку спонзори и донатори ќе се доуреди просторот со грејни тела и компјутери. Со што значително ќе се подобрат условите за работа на библиотеката.
Во оваа 2019 влегуваме со уште поголем елан и планови.
Треба да се случи преселбата на книжниот фонд во новиот дел, зацртани се низа други активности.
Во соработка со Општина Охрид и други институции оваа 2019 ќе бидат одбележани: 185 годишнината од раѓањето и 110 години од смртта на Кузман Шапкарев. 140 години од раѓањето на Коста Абраш, 150 години од раѓањето и 105 години од смртта на Стефан Јакимов – Дедов.
Од средината на мај и во јуни ќе се одржат Деновите на детската литература. Заеднички со општината ќе се спроведат активностите насловени: „Поддршка на истакнати роднокрајни литературни дејци“, а планирана е поддршка и на млади литературни автори.



 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK