Култура и уметност

Ана Бландијана добитник на „Златен венец“

Сподели


Романската поетеса Ана Бландијана добитник на „Златен венец“ на „Струшки вечери на поезеијата 2019“.

Добитник на „Златен венец“ за 2019 година, главната награда на „Струшките вечери на поезијата“ (СВП), е романската поетеса Ана Бландијана. Одлуката ја соопштија Управниот одбор и Дирекцијата на фестивалот СВП на денешната Свечена седница, која се одржа во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).Наградата на годинашната лауреатка ќе ѝ биде врачена на поетското читање „Мостови“, една од централните манифестации на годинашното издание на фестивалот, кое ќе се одржи од 21 до 28 август.Меѓу најценетите современи европски авторки, Ана Бландијана, (псевдоним, зад кој се крие името на Отилија Валерија Коман) е припадничка и претставник на поетската генерација од 60 –тите години, која е заслужна за афирмацијата на модернизмот во романската литература и поезија.