Сре08212019

Последна промена06:36:46 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Култура и Уметност Громогласни аплаузи за „Каде ми е пиштолот“ на охридските актери

Култура и уметност

Громогласни аплаузи за „Каде ми е пиштолот“ на охридските актери

Сподели

Со тетарската претстава „Каде е пиштолот?“  охридскиот  театар го одбележа светскиот ден на театарот.

 

Громогласни аплаузи проследени со гласно смеење за преставата од унгарски автор Габор Ѓоргеј во режија на Дејана Николовска.

Публиката беше воодушевена од мајсторската глума на охридските актери : 
Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Ивица Цонев и Стрезо Стаматовски

Сценограф, костимограф и дизајн на светло: Милена Пантелеева
Музика: Гаро Ашикјан
Сценски движења: Асја Иванова
Драматург: Кристина Тодороска Петреска
Инспициент: Филип Ангеличин-Жура
Технички раководител: Зоран Левески
Светло: Борис Велјаноски
Тон: Митко Серафимоски
Гардероба: Линдита Мерко, Деса Лазороска
Реквизита: Маријана Николоска, Соња Крстаноска
Сценски декоратери: Ѓоко Китоски, Љупчо Крстаноски, Даниел Андрески, Кире Ангелоски
Фотографии: Пеце Настески NP Studio

„Каде е пиштолот?“ е модерен сатиричен текст со силна егзистенцијалистичка позадина, создаден во седумдесеттите години од минатиот век. Во својата срж текстот се занимава со човековата дуална природа, играјќи помеѓу позициите на опресор и потчинет низ петте ликови кои го носат дејствието.
Зборот „пиштол“ предложен уште во насловот не е ништо друго туку театарски знак, систем на апстракции, симбол на моќта на насилство – кого ликовите го користат за да ги тероризираат останатите. Местото на дејство е затворен простор , во кој гледаме четири луѓе што седат и петтиот како вперува пиштол во нив. Четири од нив секогаш сакаат да излезат надвор од собата, а петтиот секогаш ќе се чувствува добро внатре. Тоа е оној кој е со пиштолот. Изворот на сите проблеми е токму тој - пиштолот. Пиштолот би можел да има и понаква намена, но не во овој случај. Tажно e, но овде не е можно да живеете без пиштол!

ФОТОГРАФИИ:



 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK