Култура и уметност
Приказните на наш начин
- Детали
- Објавено на Среда, 03 Април 2019 14:24
" Приказните на наш начин "е претстава за деца во која учествуваат членовите на Драмското студио Цвет 75 за деца и млади.
Ќе биде прикажана на 7 април во 18 часот во салата во Економското училиште.Студиото работи од јануари и ова е нивно прво претставување пред публика.Претставени се неколку сцени од познатите приказни но монтирани на поинаков начин сите споени со иста идеја и желба да се случи чудо на крајот.Приказните се место каде што децата уживаат а исто и возрасните место на неочекувани пресврти и чуда за да победи доброто убавото и исправното.Покрај учество во претстава членовите на студиото играат и во кратки филмови по свое сценарио кои наскоро ќе бидат прикажани.Студиото го раководи Драгана Боцеска