Вто04232019

Последна промена11:48:23 AM

 

  • sileks
Back Вие сте на: Home Култура и Уметност Размена на книги и книжевни муабети во Струга

Култура и уметност

Размена на книги и книжевни муабети во Струга

Сподели


Овој убав и несекојдневен настан е утревечер во Струга.

Книжевниот настан ќе се одржи утре од 18 до 20 часот, во „Метрополис“ барот во Струга. Организатор е фејсбук групата `Размена на книги и книжевни муабети` -https://www.facebook.com/groups/1624632414415400/, која, веќе долго време активно се залага да ја накрене читачката култура на повисоко ниво, при тоа промовирајќи и организирајќи разни книжевни настани, издавачки куќи, писатели, но најголемо внимание е посветено на размената на книги. Организаторите нагласуваат дека токму на овој начин ја поттикнуваат љубовта кон книгите, разменуваме наслови што би сакале и останатите да ги прочитаат без при тоа да очекуваме нешто за возврат. Не сите сме секогаш во можност да ја купиме нашата омилена книга, но членовите во секој момент излегуваат во пресрет, со подарок книги и/или трајни размени меѓусебе.Воедно, велат тие, за да ја олесниме размената помеѓу читателите и полесно да ја постигнеме нашата цел, организираме настани „Размена на Книги и Книжевни Муабети“ низ целата држава. Но во склоп на групата имаме и `Клуб на читатели` и `Поетско читање`.
-Со задоволство би сакале да се пофалиме дека во изминатиот период од година дена имаме одржано над 50 настани, а се надеваме дека таа бројка постепено ќе расте.На наше изненадување бројот на заинтересирани присутни читатели се зголемува со секој настан, а книжевните муабети не застануваат. Позитивно искуство е и тоа што ни се вклучуваат и помалите градови и веќе стануваат се поактивни, потенцираат организаторите.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK