Пон05202019

Последна промена10:05:34 PM

 

  • sileks
Back Вие сте на: Home Култура и Уметност Охридската библиотека ќе го одбележи Светскиот ден на книгата

Култура и уметност

Охридската библиотека ќе го одбележи Светскиот ден на книгата

Сподели

По повод 23 Април Светскиот ден на книгата и авторското право утре во 12 часот во охридската библиотека ќе се одржи пригодна свеченост со богата и интересна програма. 

 

-„Најпрво пред присутните ќе бидат прочитани пораките на Одре Азуле, генералниот директор на УНЕСКО а потоа и македонската порака која годинава ја напиша познатиот режисер, писател и фотограф Милчо Манчевски.
Ќе следи презентација на вработените од Одделот за издавање и позајмување на книги при библиотеката под наслов: Што најмногу читаат охриѓани,а ќе биде објавена и топ листата на најбараните и начитани домашни и светски автори и дела.
Утре во чест на празникот пригодни награди во книги и благодарници ќе добијат најредовните тројца читатели во одделот за возрасни , како и авторите на трите најдобри стихови од манифестацијата: „Напиши стих – купи кафе“ која библиотеката годинава по втор пат ја организираше во соработка со култната кафетерија „Аквариус“ и ФОН универзитетот“, информираат од библиотеката.


Настанот ќе биде искористен библиотеката да донира книги на 10 библиотеки кои се во рамките на основните училишта во Охрид и Дебрца а се добиени по пат на годинашната акција: „Подари – размени книга“ спроведена во соработка со студентите од факултетот за странски јазици од ФОН.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK