Сре06262019

Последна промена11:13:47 AM

 

  • sileks
Back Вие сте на: Home Култура и Уметност Членови на ПЕН ќе одржат Меѓународно литературно читање во Охрид

Култура и уметност

Членови на ПЕН ќе одржат Меѓународно литературно читање во Охрид

Сподели

Во рамките на 17.Регионална конференција на македонскиот ПЕН Центар - Преспа утре – сабота во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи Меѓународно литературно читање.

 

Во Прличевата одаја на библиотеката свои стихови од 18 часот се очекува да читаат: Ифигенија Симоновиќ (Словенија), Вида Огњановиќ (Србија), Катица Ќулавкова (Македонија), Иван Џепароски (Македонија), Мирча Дута (Романија), Тоне Першак (Словенија), Санде Стојчевски (Македонија), Димитар Башевски (Македонија), Фахредин Шеху (Косово), Славе Ѓорго Димовски (Македонија), Тоде Илиевски ( Македонија), Лена Рут Стефановиќ (Црна Гора), Весна Ацевска (Македонија), Анжела Димчева (Бугарија), Калина Малеска (Македонија), Александар Прокопиев (Македонија), Владимир Мартиновски (Македонија) и Зоран Анчевски (Македонија)
Настанот е од отворен карактер за сите заинтересирани читатели од Охрид и пошироко.
Тема на годинашната конференција на поетите , новелистите и есеистите од регионот е : „Етичкото, политичкото и естетското во книжевноста“.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK