Чет07182019

Последна промена03:51:29 PM

 

  • sileks
Back Вие сте на: Home Култура и Уметност КУД „Дримкол“ на ЦИОФФ Фестивал во Пермет, Албанија

Култура и уметност

КУД „Дримкол“ на ЦИОФФ Фестивал во Пермет, Албанија

Сподели

КУД "Дримкол" Вевчани овие денови македонскиот фолклор и традиција ги презентира пред публиката во Република Албанија во градот Пермет, град во кој датираат зачетоците на фолклорот во Албанија. Од 21 до 24 овој месец се одржува меѓународниот фолклорен фестивал во организација на ЦИОФФ секцијата од Албанија на кој КУД ,,Дримкол” Вевчани е претставник од нашата држава.


- Прв пат сме на фестивал во Албанија и навистина сме пријатно изненадени од целокупната организација на фестивалот, топлиот пречек и гостопримство кои ни се укажуваат овие денови. Особено не радуваат рекациите на публиката кон македонскиот фолклор кој го прифаќаат со воодушевување и уживаат секоја вечер на отворената летна сцена во центарот на градот, изјавија од канцеларијата на КУД Дримкол.

Ова е второ меѓународно гостување овој месец на ,,Дримкол” после гостувањето на детскиот фолклорен фестивал во Краљево, Р.Србија.
По завршување на овој фестивал, КУД ,,Дримкол” продолжува со своите концертни активности на охридско-струшкото крајбрежје и подготовка за учество на Балкански фестивал во Охрид како и подготовки за денови на Македонската култура во Истанбул,Турција.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK