Нед12152019

Последна промена09:41:47 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Култура и Уметност Дуото Миленковиќ-Милошевиќ ја крена публиката на нозе

Култура и уметност

Дуото Миленковиќ-Милошевиќ ја крена публиката на нозе

Сподели

Долги и стоечки овации, бисови, задоволна публика и уметници кои пленија со своето музицирање и со својата скромност и внимание кон публиката. Ваква беше атмосферата вчеравечер во црквата „Света Софија“ на концертот на српскиот виртуоз на виолина Стефан Миленковиќ и неговиот колега, пијанистот Владимир Милошевиќ за кој с ебараше карта повеќе. 

 

Дуото Миленковиќ-Милошевиќ приреди квалитетна програма на фестивалот „Охридско лето“, која, како што рекоа и самите уметници е прилагодена за летниот период.

-За нас е чест да свириме овде, во Охрид, а посебно во оваа црква, за кој имам чувство дека е храм на музиката. Акустиката што ја има овде додаде златна аура на нашиот тон, а тоа ретко го има некаде. Публиката не‘ почести со бисеви, а ние возвративме со композицијата „Во стилот на Албениз“ на Родион Счедрин, еден вид танго на современ начин. На вториот бис отсвиривме композиција на еден Навахо Индијанец од Аризона, кој при мојата посета на САД го преработи делото „Којоти“ за виолина и пијано, кое инаку е напишано за пијано, изјави Миленковиќ по завршувањето на концертот.
Српските уметници првиот дел од концертот го зпочнаа со бетовеновата Соната број 1, соната со многу енергија, ремек дело а потоа следуваше куса свита од балетот, „Бакнежот на самовилата“ од Игор Стравински. Во вториот дел од настапот, големите уметници, го „донесоа“ на подиумот италијанскиот композитор Никола Кампогранде со едно дело што го напишал по примерок на Паганини, поточно инпирирано од Паганини, а изведено на современ начин на виолина и пијано. Потоа следуваше делото „Легенда“ од полскиот композитор Хенрик Виењавски,а на крајот од вечерта отсворија и валц-скерцо од Петар Илич Чајковски.


Двајцата српски уметници со светско реноме, Стефан Миленковиќ и Владимир Милошевиќ и по завршувањето на концертот, се дружеа со публиката, примајќи ги честитките за нивниот настап и фотографирајќи се со посетителите.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK