Вто12102019

Последна промена02:41:28 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Култура и Уметност 100 години од раѓањето на Димче Маленко

Култура и уметност

100 години од раѓањето на Димче Маленко

Сподели

На втори октомври во среда НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ќе одбележи 100 години од раѓањето на писателот и поет Димче Маленко.

 

Роднокрајниот автор романсиер и раскажувач Димче Маленко е роден во Охрид на 21-ви септември 1919-та година. Осмолетка завршил во Охрид. Петгодишна Машка учителска школа завршил во Белград 1938 година. До 1941-ва година студирал Педагошка група предмети на Филозофскиот факултет во Скопје, (запишувајки VI-ти семестар). Бил активен учесник во НОБ е од 1941-ва година. За тоа време категорички откажал да му служи на окупаторот. За време на војната дејствувал во позадина и како партизан. По ослободувањето бил раководител во просветата и културата во Охрид или на професорска должност, кога вонредно завршува и Филозофски факултет-група Македонски јазик со книжевност, во Скопје. Во 1965-та година е пензиониран како учесник во НОБ. За сето време живее и работи во Охрид. Член на Друштвото на писатели на Македонија е од 1971-ва година.
Почина во Охрид во 1990-та година.

БИБЛИОГРАФСКИ ПОДАТОЦИ


Првично Маленко пишува поезија. Во периодот 1939-1944-та година настанала збирката поезија „МАЧНИЦИ“ но, успева да ја објави дури во 1983-та година. Во списанието „Културен живот“ ги објавил драмите „САМУИЛ“ (1969-та година); „ПРОКУДЕНИК“(1972-ра година); „РАНИ РАСКАПИ“ (1987-ма година) и едночинката „УНЕР“ (1976-та година).
Меѓутоа, Димче Маленко првенствено е романсиер и раскажувач. Во таа своја жанрова определеност го објавил романот од НОБ „СЛОБОДОЉУБИВИ ЧОВЕКОЉУПЦИ“ („Наша книга -Скопје“ 1972); Збирката новели „Паркот на Јоновци“ („Мисла - Скопје“ 1973); Објавувал раскази во македонската периодика, меѓу кои „Огнено раѓање на слободата“, „Ојлуле“, „Астар“ и други. Постхумно во 1994-та година е објавен романот „Вознемирен водосвод“.
Пишува оценки, белешки од литературна критика, есеистика и фолклористика, та последното издадено дело за време на животот му е „Охридската народна песна и приказна“ („Радио Охрид“ 1989-та година).
Димче Маленко е и значаен општествен и културен деец. Бил учесник или директен иницијатор за создавањето на бројни манифестации како „Охридско лето“, „Струшки вечери на поезијата“, „Прличеви беседи“, како и на неколку културни институции во Охрид - Библиотеката „Григор Прличев“, народниот универзитет „Кузман Шапкарев“ , охридскиот театар од педесеттите и други. Целиот свој животен век го посветил на подигање на културното живеење во Охрид и Македонија, подигање на нивото и богатството на македонскиот литературен јазик, чиј добар познавач беше, што може да се забележи со читањето на неговите дела.
По повод 100 годишнината од раѓањето на Маленко неговите најблиски синот и ќерката Петар Маленко и Убавка Упевче создадоа веб страница www.dimchemalenko.com на која има низа интересни факти од живот и творештво на нивниот татко а за прв пат е објавен и неговиот драмски текст „Лути сме или луѓе сме“
За животот и делото на Маленко во среда, во Библиотеката ќе зборува проф. Славе Ѓорѓо Димоски – поет а модератор ќе биде Милчо Јованоски.
Настанот ќе се одржи во Прличевата одаја на Библиотеката со почеток во 12 часот.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK