Култура и уметност

Романот „Светиот завет“ од д-р Томислав Тунтев конечно во Роднокрајното одделение

Сподели

Спроти големиот празник на градот Св. Климент Охридски – Патронот на Охрид д-р Томислав Тунтев на директорката на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Гордана Змејковска и подари авторски примероци од неговите стручни книги од областа на воздухопловството.

  Тунтев, пригодно на  библиотеката и подари и  два примероци од неговата книга „Светиот завет“ посветена на Охрид, промовирана уште во 2013 а на полиците на библиотеката се најде дури шест години подоцна, благодарение на неговиот сенс дека библиотеката треба да ја има во Роднокрајното одделение.

primeroci

За романот – хроника на Охрид низ вековите, д-р Тунтев своевремено изјави:  – Пливајќи од Сараиште према Свети Јон крстон, а тоа е линијата кога од брегот првпат ќе го здогледате крстот на Свети Јован Богослов-Канео и гледајќи ја сета таа убавина, гледајќи како пред мене излегува покривот од Св. Софија, па покривот на Св, Врачи, па камбанаријата на Св. Богородица Перивлепта и на крај ти излегува пред очи покривот на Св. Константин и Елена, гледајќи ги двете калиња на кои се распослал Охрид, сите тие куќи, улици, јалици, маѓерија, сфатив дека таму се кријат тајни за кои сум слушал од моите тетки и баби и си реков морам да напишам книга. Во тој жежок јулски ден се роди идеата за „Светиот завет“, напиша Тунтев.
-Среќен сум што конечно мојот роман и останатите трудови си го најдоа своето катче на вистинското место во нашата библиотека во Охрид. На овој начин тие се поблиску до читателите кои немаа можност да ја купат или не биле информирани. Колкав беше интерсот за книгата сведочи и фактот дека тиражот одамна е распродаден, ни рече Тунтев при посетата на библиотеката.

Image result for светиот завет томислав тунтев

Во овој роман опфатен е еден период од 1100 години од живеачката и пулсирањето на Охрид и охриѓани. Тунтев  една година истражувал, ги проучувал делата на охридските автори, барал на интернет по разни архиви и дошол до неверојатни историски сознанија кои додека не почнал да ги става на хартија го притискале и измачувале.

primeoci 1

Своевремено  на промоцијата рецензентите на романот, Владо Жура, Милчо Јованоски, Стојан Савески и Горан Михајловски во своите излагања имаа еден заеднички именител, а тоа е дека секој охриѓанец мора да го прочита и препрочита „Светиот завет“ од Томислав Тунтев бидејќи ова дело е како библија за Охрид.