Култура и уметност

Издаденана збирка песни „Саемско небо“ од Шипинкоски

Сподели

Во едицијата „Современа македонска поезија“ Едиција „Корени“на издавачот Културен центар „Бран“ од Струга,излезе од печат збирката на песни „Саемско небо“од Писателот Петко Шипинкароски.


На страаниците од своето најново дело познатиот писател застапува 45 песни,поделени во три тематски дела.Првиот „Клучот на среќата“именуван со личното.Вториот посветен на луѓето ѕвезди „Ѕвезди меѓу боговите“и третиот „Застанато време“,кој ја потврдува моќта на поезијата да го запре времето.


Последната збирка песни,„Саемско небо“една од најздрелите збирки,е подржано од СОЈУЗОТ НА ЗДРУЖЕНИЈАТА НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА,за 2019 година,истакна уредникот на збирката истакнатиот публицист Мишо Китаноски.


Рецензентите д-р Мерсиха Исмајлоска и Весна Мундишевска-Велјаноска,истакнаа:Петко Шипинкароски,ги сублимира неговите поетски искуства,докажувајќи дека овој пат,тој со една посебна топлина и лиричност се обраќа до читателот. На едно место вели:
ДВА ГАЛЕБА ТАНЦУВААТ НАД СВОДОТ.НОВИ НИКУЛЦИ НА ПРОЛЕТТА –НОВИ ИСКРИ НА ОГНИШТАТА СТАРИ,ЖАРАТ.ПЕСНИТЕ ОД КНИГАТА „САЕМСКО НЕБО“НА ПЕТКО ШИПИНКАРОВСКИ СЕ КАКО ФОТОГРАФИИ ОД РАЗГЛЕДНИЦАТА НА ПОСТОЕЊЕТО ИЗЛОЖЕНИ СО СЕТА НИВНА СИВОСТ И СО СЕТА НИВНА ЖИВОСТ.ТИЕ СЕ ПОГЛЕД ОД ДВЕТЕ СТРАНИ НА ПРОФИЛОТ НА ОСВЕТЛУВАЊЕТО.

автор СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ