Саб08082020

Последна промена07:35:36 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Култура и Уметност „АМБАСАДИ” ШЕСТИ РОМАН НА ЛУАН СТАРОВА ВО БУГАРИЈА

Култура и уметност

„АМБАСАДИ” ШЕСТИ РОМАН НА ЛУАН СТАРОВА ВО БУГАРИЈА

Сподели

 Во бугарскиот главен град, Софија,  во издание на познатиот издавач ,,Персеј’’, е објавен романот “Амбасадина  еден од најплодните македонски и балкански автори, академик Луан Старова.

 

Бугарското издание излезе под наслов “Амбасадор на земјата што нема да постои, во превод од македонски јазик на Марин Петров.

Ова е шести роман од ,,балканската сага’’ на Старова  кој се објавува во Бугарија, по романите:Времето на козите, Враќањето на козите, Балкански клуч, Балканвавилонци”  и Ервехе – книга за една мајка.

Романите на Старова наидуваат на убав прием кај бугарската читателска и книжевна критика.

Големото бугарско писателско име, академик Антон Дончев, откако ќе ја цитира мислата на Гете, наведена во воведот книгата,  дека ,,светот е само тоа што ги обединува народите’’, ќе забележи: ,, Оваа книга е рожба на нашиот свет. Таа е повик за обединување. Низ целата книга се проникнува вистината дека проблемите се заемно поврзани , идејќи од минатото се проектираат во иднината. И дека мирната и творечка соработка меѓу народите нема друга алтернатива.’’

Академик Дончев, е автор на предговорот на романот “Ервехе-книга за една Мајкa”, по повод книгатаБалканвавилонци , прогласен за роман на годината во Македонија.

Веле Митаноски

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK