Чет11262020

Последна промена11:32:36 AM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Култура и Уметност Три нови книги на Павле Митревски

Култура и уметност

Три нови книги на Павле Митревски

Сподели

По повод 88-годишнината од животот на проф.д-р Павле Митревски,роден во струшко Вишни,објавени се три негови најнови книги,кои беа промовирани во многу убавиот амбиент,на бродот „Асторија“во Охрид.Ова беше направено поради пандемијата од корна вирусот Ковид -19,со цел,присутните да бидат максимално заштитени,а во исто време,да бидат испочитувани сите здравствени протоколи кај нас...


На промоцијата беа претставени книгите Михајло Пупин од Вевчани до Идвор“,потоа „Студии за Охридско-струшкиот Регион“ која е всушност,четврта книга по ред историски прилози и книгата „Српски документи за историјата за Охридско-струшкиот регион од 1890-1940“-II дел,чиј коавтор е м-р.Димитар Смилевски,исто така пензионер од Охрид и истакнат истражувач и автор на многу монографии за повеќе села од својот крај.Тој во исто време беше и промотор на книгата што му припаѓаат на значајното творештво на проф.д-р.Павле Митрески,осведочен македонски историчар и универзитетски професор во пензија.
Промоторот проф.д-р Ѓорѓи Тоноски на промоцијата направи поширока елаборација на творештвото на прф.д-р.Митрески при што истакна дека овие три книги доаѓаат како резултат на долгогодишната активна и плодна творечка работа на авторот,и неговиот интерес за историјата и за настаните од овој крај,при тоа,нагласувајќи дека и во иднина треба да очекуваме нови дела од овој автор,затоа што тој и во овие поодминати години активно истражува во наши и странски архиви и подготвува нови книги.Но,за севкупното творештво на проф.д-р.Митрески рецензентот – публицист Мишо Китаноски,во објавениот поговор на книгата за Михајло Пупин со право истакнува дека тој Митрвски е вистинскиот биограф на овој регион и дека неговите три творечки љубови се содржани во оргиналните авторски прилози од историјата,потоа на авторовата страст за пронаоѓање и публикување на историски документи за овој крај и третата авторска преокупација е целосното истражување на патот на претците на светскиот научник М.Пупин,што тргнале од Вевчани до Идвор и во светот...Точно поради тоа,нашиот автор Митрески е многу цитираниот истражувач во странската литература посветена на Пупин,а книгата доаѓа во вистинско време за афирмација на неговото,но и на светското пронаоѓаштво... Со ова македонската историска наука е збогатена со три нови и значајни книги за нашето постоење и траење,чиј автор е проф.д-р.Павле Митрески.
СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK