Пет10222021

Последна промена06:47:18 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Култура и Уметност „Охридско лето“ приреди вечер на современи класични композиции со уметниците Богдановиќ и Роланд

Култура и уметност

„Охридско лето“ приреди вечер на современи класични композиции со уметниците Богдановиќ и Роланд

Сподели

Холандско-англискиот виолинист Даниел Роланд и српско-француската виолончелистка Маја Богдановиќ вчеравечер на фестивалот„Охридско лето“ ги споија своите неверојатни енергии и приредија прекрасен концерт за виолина и виолончело.

 

На репертоарот што се изведе во црквата „Света Софија“ доминираа композитори на класична музика од поновото време како Жебељан, Пјацола, Кодај, Васкс,Солима, Сибелиус и Халворсен.

Фестивалската публика имаше можност да слушне и две нивни премиерни изведби на композиции направени токму за нив.

-Вечерва свиревме дела од Исидора Жебељан, наша драга пријателка која за жал почина млада минатата година и тоа беше голем шок за нас зашто планиравме дупли концерт за виолина и чело, но животот одлучи поинаку. Нејзиниот студент Вељко Ненадиќ направи три минијатури за нас и делото „Интимно писмо од Јудејската пустина“ кое го отствиривме во наш аранжман. Нашиот репертоар за виолина и виолончело не е многу голем, но содржи многу интересни дела. Договараме со композиторите да пишуваат за нас, рече виолончелистката Маја Богдановиќ.

Нејзиниот музички и животен партнер Даниел Роланд на подиумот во „Света Софија“ уште еднаш потврди дека е исклучително комуникативен и харизматичен изведувач на класична музика.

- Мислам дека е неопходно да се создава и нова музика, нови дела. Ни беше голема чест да ги донесеме овде, на овој прекрасен фестивал за кој сум слушал многу од Маја. Многу од овие дела ги снимивме на диск, а моментално го подготвуваме новиот, така што на него ќе се најдат и дел од композициите што ги изведовме на фестивалот „Охридско лето“, рече виолинистот Роланд.

Богдановиќ и Роланд го формираа дуото во 2018 година и оттогаш досега настапуваат на бројни фестивали во Европа, САД и Јужна Америка, освојувајќи ја публиката со нивната страст, нежност и уметнички конципирана програма, како и со нивната иновативност и нагласено чувство за меѓусебно надополнување и музичка комуникација.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK