Пон12162019

Последна промена11:37:19 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Култура и Уметност Браќа Карамазови за достоинствен крај на "Охридско лето"

Култура и уметност

Браќа Карамазови за достоинствен крај на "Охридско лето"

Сподели

Театарската претстава „Браќа Карамазови“, која премиерно беше претставена во Дубровник и ги доби највисоките оценки и напофалните критики од стручната јавност, а се играше и на „Дубровничките летни игри“ ја имаше честа синоќа во Центарот за култура да ја спушти завесата на 53-то по ред Охридско лето.

 

За претставата во Охрид има толку голем интерес што и вечерва репризно ќе биде прикажана надвор од фестивалската програма.

-Ликовите од Достоевски го освоија целиот простор во центарот Григор Прличев претворајќи го во црква пред која возстрастените ги исповедаат своите гревови и ни ги покажуваат човековите патила. Претстава која си го заслужи местото за затворање на Фестивалот, истакна Горѓи Јолевски драмскиот селектор на Охридско лето.

Фестивалот годинава запиша уште успешно издание.

53 то издание на најголемата културна манифестација во земјава ќе остане запаметено по многуте спектакуларни музички изведби на познати светски ѕвезди и драмски премиери.

Бројната публика уште долго ќе зборува за незаборавниот настап на рускиот баритон Дмитриј Хворостовски, гудачкиот квартет, најпознатата светска атракција Бонд од Англија, виолинистот Роби Лктош, белградскиот хор Вива Вокс ,концертот на Немања Радуловиќ и други.

Громогласните аплаузи и критиките на стручната публика докажаа дека ова фестивалско издание ги задоволи вкусовите и на љубителите на театарската уметност.

 

 

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK