Култура и уметност

20- то Јубилејно издание на "Охрид фест – Охридски трубадури"

Сподели

Со детскиот фестивал "Чунга лунга" синоќа започна  20 то по ред издание на фестивалот “Охрид фест – Охридски трубадури”. Годинава за прв пат фестивалот ќе се одржува на градскиот кеј пред кафе барот Објектиф.

 

Промената на локацијата од “Долни сарај” на кејот  е со цел манифестацијата да биде достапна за поширокиот круг граѓани, велат организаторите. 

Традиционално фестивалот продолжува вечерва предвидена  за нови ѕвезди. Утревечер ќе биде  посветена на фолк музика, потоа поп вечер и последната интернационална музичка вечер.

На 20 то издание на Охрид фест ќе настапат познати имиња од музичката сцена, меѓу кои Ристо Самарџиев, Наум Петрески, Мики Јевремовиќ, Зафир Хаџиманов и други. .